Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Metal remover 300мл.

Metal Remover – Отстранувач на метали пред технички третман

Неутрализирачка детокс лосион. Лосион што се нанесува пред бојадисување или избелување за ефективно неутрализирање и отстранување на метали и нечистотии депонирани во влакното на косата поради калциумови и магнезиумови соли во водата, бакарни метали (цевки и вода од базен) и тешки метали од загадување, невидливи елементи што му штетат на здравјето на косата.

METAL REMOVER продира во кортексот и ги отстранува сите контаминирани нечистотии што можат да пречат на оптималното извршување на техничката услуга.

Предности на производот:

  • Го одржува сјајот на косата.
  • Неутрализира “зеленкаста” дисколорација што произлегува од изложеност на вода со минерали.
  • Зголемена ефикасност во депонирањето на оксидативни бои.
  • Зголемена ефикасност на третманот за коса или техничката услуга.
  • Овозможува техничките услуги во салон да функционираат под вообичаени услови.

Активни состојки:

  • Pulluout® Детокс, комплекс од 100% природни состојки добиени преку одржлив процес базиран на зелена хемија.

Придобивки:

  • Сјајна и чиста коса. Ефикасност на третманите и одлична техничка услуга.

Начин на употреба:

  • Нанесете го лосионот пред техничката услуга.
  • Поделете ги влакната. Испрскајте ја секоја секција 2-6 пати.
  • Оставете да делува 1-2 минути за да се активира производот.
  • Не исплакнувајте. Продолжете со техничката услуга како и обично.