Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Пет Depilève производи кои треба да ги земете со себе на одмор

Сакаме да ви се придружиме на Вашиот одмор и да продолжиме да се грижиме за Вашата кожа… ќе не поведете ли со Вас?

Овојпат ќе зборуваме за пет производи кои се идеални за нега додека сте на летување.

Folisan Intimate: ролони во 8мл формат, идеални за патувања. Како што знаете, ова е еден од нашите најпопуларни производи кој спречува појава и ширење на враснати поткожни влакна. Ако сакате да дознаете повеќе за фоликулитис, можете да прочитате повеќе тука… Есенцијалне производ, особено во летниот период кога и најмногу страдаме од враснати влакна на препоните, нозете и пазувите.

Cerazyme Soft Bright крем за раце: Нашата крема за раце за избелување е задолжителна во Вашата ташна, се разбира и во Вашата ташна за летување. Оваа безмасна формула е идеална е за летниот период.  Длабински хидрира и ги пополнува брчките предизвикани од сувост на кожата.

Gold Concentrate: Инхибитор на раст на влакната формулиран со екстракт од папаја. Пакувањето во ампула овозможува да го понесете со себе на одмор и да го продолжите третманот кој го добивте во Вашиот салон. Со овој концентрат ќе го забавите и ослабнете растот на влакната. Збогатен е со витамин Е за дополнителна хидратација на кожата.

Soothing Cream: Нашиот лосион за по депилација содржи Алое Вера и цинк оксид, две смирувачки и анти воспалителни состојки со регенеративни својства. Одлично ја хидрираат кожата како нега по сончање. Неговиот беж пигмент кој го содржи во себе, ја тонира кожата и обезбедува макеап ефект. Особено е важен во првите денови додека се уште не ви потемнел тенот.

Ергономска чупкалка: Задолжителна во секој козметички несесер за брза интервенција по депилацијата дури на најкратките влакненца.

Ова е нашиот Depilève избор за патување. Се согласувате ли со нашата листа? Кажете ни што мислите.

One thought on “Пет Depilève производи кои треба да ги земете со себе на одмор

Напишете коментар

Scroll to top