Враснати влакна: превенција и третман

Folliculitis, враснати влакна, поткожни влакна… наречете ги како сакате. Сите сме ги доживеале во некој момент од животот, дали по депилација, бричење или едноставно одеднаш само од себе… и мора да признаеме, воопшто не се пријатни! Ќе ги објасниме потребните чекори за спречување или третман за да ја избегнеме нивната појава.

Зошто влакното се заглавува?

Folliculitis е воспаление на фоликулата на влакното. По депилација или бричење или кога влакното расте природно, понекогаш неуспева да се пробие низ епидермалната бариера и да излезе на површина. Фоликулата се инфицира и се формира брунка која може да прерасне и во циста која знае да е многу болна.

Каде најчесто се појавува?

Оваа појава најчесто се јавува во деловите кои ги депилираме или бричеме: нозе, потколеници, препони, пазуви, грб, врат или брада… делови кои се изложени на триење и недостаток на “дишење на кожата”

Може да се појават и на делови каде што ги чупкаме влакната, особено ако го правиме тоа спротивно од растот на влакната, како на веѓите, надусниците или брадата.

Како да ја спречиме појавата на враснати влакна?

  • Редовно ексфолирајте (пилинг) ја кожата за отстранување на мртвите клетки кои неретко знаат да бидат причина за неможноста влакното да избие на површина
  • Избегнувајте бричење колку е можно повеќе. За мажи, секогаш бричете се во правец на раст на влакната, не спротивно.
  • По бричење, користете средство за чистење и смирување како нашиот гел со Чајно Дрво, а потоа специјален третман со антисептично дејство и нежна ексфолијација и спречување на појава на бактерии кои предизвикуваат инфекции. Што е најдобро? Нашиот Фолисан.
  • Носете памучна долна облека, ќе помогне за намалување на појава на фоликулитис во препоните.
  • Користете деодоранс за чувствителна кожа за пазувите
  • Одржувајте високо ниво на хигиена на жилетите, епилаторите, шпатулите и другите алатки и прибор за депилација и бричење.

 

Како да го третираме фоликулитисот?

Понекогаш, и покрај се, нема да спречиме појава на враснати влакна. За да спречиме инфекцијата да стане уште полоша, проблематичниот дел треба да го одржуваме комплетно чист и сув. Нанесувајте 2-3 пати на ден Фолисан се додека влакното не се пробие.

Основно е да избегнувате стискање на мозолката или насилно да се обидете да го извадите влакното со чупкалка или игла; може да ја влошите состојбата многу лесно. Доколку ситуацијата не се подобри по неколку дена, побарајте лекарска помош за да се направи стручен увид и евентуална препорака за антибиотик во краен случај

Враснати влакна: превенција и третман
Scroll to top
Сакате производи за домашна употреба?Ние ви нудиме одлични производи за сечиј вкус

Изберете си одлични  производи за домашна употреба.