Депилација на веѓи за мажи
Нашите веѓи даваат печат на нашиот поглед и структурата на лицето. Нивниот облик може да го промени нашиот израз, да не подмлади и да не направи со посиметричен изглед со само неколку мали измени. Депилација на веѓи за мажи почнува да стануваат дел од сејодневието.
Нетака одамна, со бумот на метросексуализмот, машките веѓи станаа уредни и добро структурирани. Ова направи голем дел од машката популација да не сака воопшто да разговара за обликување на веѓите. Едноставно не се идентификуваа со овој стил.
За среќа, благодарејќи на знаењето и техниките на професионалците во салоните за убавина, работите се сменија. Сега постојат повеќе опции за дизајн на машките веѓи. Стиловите одат од нај природен и суптилен, до најсофистициран и очигледен. Од депилација на веѓи, која е едена од главните грижи што се однесува до веѓите на мажите, до креирање на персонализиран дизај според особините на мажот. Нашите козметичари можат сето тоа да го направат. Користат најдобри восоци соодветни на вашата кожа, со најбрза и најбезболна техника.
Отстранувањето на непосакуваните влакна околу машките веѓи со восок е најдобриот избор. Комфорот и долготрајноста на ефектот ќе бидај најголеми. Многу мажи не се чувствуваат пријатно да се чупкаат со чупкалки како жените. Честопати грешат и ќе извадат премногу влакна или си ја потштипнуваат кожата.
Дизајнирање на машки веѓи според структурата на лицето
Вашиот Depilève козметичар ќе го одбере најприродниот и најпривлечен дизајн според особините и обликот на вашето лице. На пример:
За округло лице, ќе креираат дизајн со подигнати веѓи. Ова го издолжува лицето и прави послаб изглед.
Ако имате четвртасто лице, малку ќе ги истенчат веѓите. Лицето во целост ќе добие по мек изглед, дизајнирајќи триаголен облик.
Ако пак од друга страна сте среќни да имате правилно овално лице, може едноставно да ги отстранат само вишоците на влакна од околу.
Ако вашето лице е издолжено или триаголно, најдобар облик е прав, со задржување на природната густина.
Ако вашите очи се мали и блиску едни до други, се што ви треба е да отстраните малку во средината за да се додаде малку простор помеѓу веѓите.
Дали чувствувате дека сакате да се покажете со вашите веѓи оваа пролет? Закажете третман во вашиот Depilève салон уште денес.