Депилација на веѓи исто така е и за мажи

Нашите веѓи даваат печат на нашиот поглед и структурата на лицето. Нивниот облик може да го промени нашиот израз, да не подмлади и да не направи со посиметричен изглед со само неколку мали измени. Мажите почнуваат да стануваат свесни за важноста на оваа работа.

Нетака одамна, со бумот на метросексуализмот, машките веѓи станаа уредни и добро структурирани. Ова направи голем дел од машката популација да не сака воопшто да разговара воопшто за обликување на веѓите, бидејќи едноставно не се идентификуваа со овој стил.

За среќа, благодарејќи на знаењето и техниките на професионалците во салоните за убавина, сега постојат повеќе опции за дизајн на машките веѓи кои одат од нај природен и суптилен, до најсофистициран и очигледен изглед, од депилација на веѓи, која е едена од главните грижи што се однесува до веѓите на мажите, до креирање на персонализиран дизај според особините на мажот. Нашите козметичари можат сето тоа да го направат, користејќи најдобри восоци соодветни на вашата кожа, со најбрза и најбезболна техника.

Отстранувањето на непосакуваните влакна околу машките веѓи со восок е најдобриот избор што се однесува до комфорот и долготрајноста на ефектот. Многу мажи не се чувствуваат пријатно да се чупкаат со чупкалки како нас жените. Честопати грешат и ќе извадат премногу влакна или си ја потштипнуваат кожата.

 

Дизајнирање на машки веѓи според структурата на лицето

Вашиот Depilève козметичар ќе го одбере најприродниот и најпривлечен дизајн според особините и обликот на вашето лице. На пример, ако имате округло лице, ќе креираат дизајн со подигнати веѓи кои ќе го издолжат лицето и ќе направат послаб изглед.

 

Ако имате четвртасто лице, малку ќе ги истенчат веѓите за во целост лицето да добие по мек изглед, дизајнирајќи триаголен облик.

Ако пак од друга страна сте среќни да имате правилно овално лице, може едноставно да ги отстранат само вишоците на влакна од околу.

Ако вашето лице е издолжено или триаголно, најдобар облик е прав, со задржување на природната густина.

Ако вашите очи се мали и блиску едни до други, се што ви треба е да отстраните малку во средината за да се додаде малку простор помеѓу веѓите.

Дали чувствувате дека сакате да се покажете со вашите веѓи оваа пролет? Закажете третман во вашиот Depilève салон уште денес.

Депилација на веѓи исто така е и за мажи
Scroll to top
Сакате производи за домашна употреба?Ние ви нудиме одлични производи за сечиј вкус

Изберете си одлични  производи за домашна употреба.