Бронзениот восок е специјално дизајниран за отстранување на посилни, кератинизирани машки влакна. И покрај тоа, поради извонредните својства кожата да ја прават свилена и мазна, погоден е и за депилација на жени. Содржи салицилна киселина за спречување на враснати влакна, женшен за ревитализација и обновување, рицинусово и сончогледово масло за хидратација и смирување на кожата.
Има средно време на сушење и погоден е за сите делови на телото. Extra Film Bronze е во форма на гранули поради што побрзо се топи и може да се користи во дози кои ви се потребни.
Главни активни состојки:
- Салицилна киселина: дава на восокот антисептични својства, спречува инфеција на порите и намалува појава на фоликулитис. Нежно ексфолира.
- Масло од ЖенШен: ревитализира и ја обновува кожата. Има тонизирачки и обновувачки антиоксидантни својства. Кожата ја прави мазна, светла и поеластична.