Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Како настанала депилацијата?

СТАР ЕГИПЕТ

Уште старите египќани, ги ваделе сите влакна од целото тело, дури и тие на главата (со чупалки направени од морски школки). За телото користеле смоли и пчелин восок

РИМСКА ИМПЕРИЈА

За време на Римската Империја, недостатокот на влакна на телото се сметал за знак на зрелост. Богатите жени и мажи користеле бричеви, креми за бричење, пинцети и камења за да се отстрани вишокот на влакна. Всушност, дури и срамните влакна се сметале за нецивилизирани и затоа многу познати статуи и слики на грчки жени се прикажани без влакна. Депилираната кожа предизвикувала еротски мисли, а депилирањето зело улога на афродизијак или сексуален стимуланс.

roman empire waxing

СРЕДЕН ВЕК

Исто како што Клеопатра била иноватор во нејзино време, така и кралицата Елизабета 1 во средниот век. Таа постави стандард за отстранување на влакна меѓу жените, кои го следеа нејзиното водство со отстранување на влакната од нивните лица, но не и од нивните тела. Модата од оваа ера беше да се отстранат веѓите и косата од челото (за да изгледа поголемо). Влакната се отстранувале со ореово масло или завои натопени во амонијак (од нивните домашни миленици) и оцет.

middle ages waxing

17 ВЕК

Кон крајот на 18-тиот век, се воведе поцивилизиран начин за отстранување на влакната. Додека европските и американските жени не обрнувале внимание на влакната, Жан Жак Перт, француски бербер, го создал првиот вистински жилет за мажи во 1760 год. што мал дел од жените, почнале да го користат.

17th century waxing

18 ВЕК

Во 1844 година, д-р Гуро создаде една од првите креми за депилација Poudre Subtile. Набргу потоа, во 1880 година, кралот Камп Гилет го создал првиот современ брич за мажи и со тоа се родила револуција. Сепак, тоа ќе биде уште три децении пред да се појави брич за жени.

18th-century-waxing

19 ВЕК

Во 1915 година, е создаден првиот брич специјално за жените, Milady Decolletée. Во раните 1900-ти, рекламите за креми за депилација, станаа хит. Во 1907 година почнала да циркулира реклама за X-Bazin Depilatory Powder, ветувајќи дека ќе го отстрани “понижувачкиот раст на влакна на лицето, вратот и рацете”. Една деценија подоцна, еден од водечките женски модни списанија објави реклама со жена со кренати раце и голи пазуви.

1940-тите

Веќе отворено се зборувало за негативните ефекти од масовното бричење. Се барало ново решение што ќе ги вади влакната од корен и ќе го забави нивниот раст. Така е измислена првата машинка за депилација, лансирана во 1940 година. По војната имало недостаток на најлон за изработка на хулахопки, и жените биле принудени почесто да излегуваат со голи нозе (со влакна). Како решение, на пазарот се појавило масовно производство на производи за отстранување на влакна.

1950-тите

Во текот на 1950-тите години, отстранувањето на влакна станало поприфатено. Бидејќи составот на кремите за депилација се уште биле иритирачки за кожата, жените се потпирале на брич (кога ќе им затреба) и почесто носеле панталони. Мажите првпат почнале да ги обликуваат веѓите. Во овој период се појавува нов тренд: шеќерна депилација со шербет, но поради големиот неред и модринките што ги предизвикувала, се барале нови алтернативи.

1960-тите

Восочни ленти го имаа своето деби во 1960-тите и брзо станаа модерен метод за отстранување на несаканите влакна од рацете и нозете. Првата метода за ласерско отстранување на влакна го достигнала пазарот во средината на шеесеттите години, но брзо била напуштена поради сериозните оштетувања што ги предизвикувала на кожата.

1970-тите

Иако електролизата веќе била стара веќе околу еден век, таа станала малку побезбедна со во 1970-тите (со развојот на транзисторната опрема). Во ова време, почнале да се депилираат бикините (кога излегол во мода првиот залепен костим за капење со висок засек). Масовно почнуваат да се користат традиционалните топли восоци со претопување. Во салоните за убавина, поради заштеда на време, восокот не се преврива и овој восок станува извор на инфекции. Клиентите почнуваат да бараат депилација со чист восок за индивидуална употреба.

1980-тите

Топлиот восок, полека се заменува со чист восок со ленти. Овој тип на депилација не предизвикува испукани капилари, но освен отстранување на влакната, нема никаков третмански ефект на подобрување на квалитетот на кожата. Модерниот клиент сега почнува да има повисоки барања и освен депилација, очекува дека козметичарот истовремено ќе му понуди и дохранување на кожата и безболна депилација. Лабораториите за истражување и развој на Depileve, почнуваат да работат на нова безболна формула со благотворни ефекти врз кожата.

ЕРА НА 3G ФИЛМ ВОСОК

Денес стандардите за депилација се многу високи (4-6 недели мазна кожа). 3G Филм восокот е најнова генерација на восок, што ги спои предностите на топлиот и
ладниот восок (хигиенски, речиси безболен и со ниска температура во допир со кожата).

Денес, жените прават целосна депилација. Постојат креми за забавување на растот и серуми против поткожни влакна. 3G филм восокот, се користи наместо чупалка (за веѓи), тело и интима.

!Се повеќе мажи се депилираат
(заради естетски причини или спортување).

ANTI-AGE ДЕПИЛАЦИЈА

Кој рече дека за депилација се е измислено? Во 2016 депилацијата скокна чекор напред- беше лансиран првиот третман за Депилација + Подмладување во лабораториите на Depileve: 4G SMART CERAZYME® DNA (лилаков восок, што ја менува бојата кога е време да се отстрани). Старите клетки, сега се однесуваат како млади! CERAZYME® DNA е хигиенски филм восок, се нанесува во многу тенки слоеви, се фрла по употреба и не се користат ленти.

Восокот на иднината!

Напишете коментар

Scroll to top