Ако сакате здрава кожа, не пушете цигари
Тутунот е штетен за нашето тело и здравје, без оглед како гледате на тоа.
Штетно е за нашите внатрешни органи, како белите дробови и срцето, влијае на правилната функција на скелетот, дигестивниот и респираторниот систем. Предизвикува карциноми итн. Без сомнение веројатно веќе ви се познати сите препораки кои докторите и медиумите ги пропагираат во своите кампањи против пушење.
Но, дали знаете како тутунот негативно влијае врз вашата кожа?
Од една страна, кога пушите, го намалувате протокот на крв до кожата. Ова предизвикува помала оксигенација, која го попречува регенеративниот процес и предизвикува сивкаст изглед и губиток на дефинирана текстура на кожата.
Овој недостаток од кислород во кожата истотака ја уништува способноста за заздравување, со тоа што го забавува процесот кај пушачите особено кај жените.
Од друга страна, кога димот од цигарите ќе дојде во контакт со кожата на лицето и рацете (телото генерално), ја суши, моментално нарушувајќи го ливото на хидратација. Испукана кожа, брчки, маналена еластичност… и се разбира пигментирана кожа.
Штетните компоненти на тутунот истотака го намалуваат производството на колаген и еластин. Ова, како што знаеме, предизвикува предвремено стареење, а на краток рок, опуштена кожа поради губење на потпората на ткивата.
Брчки околу контурите на очите и устата се појавуваат порано кај пушачите и поради механичките контракции на мускулите додека пушат.
Дополнително, никотинот и другите отровни состојки во тутунот го покачуваат новото на хормонот вазопресин. Ова доведува до зголемена контракција на мускулните влакна, го намалува нивото на естроген и растот на косата кај жените.
Последно, но не и најмалку важно, пушењето е примарна причина за појава на карцином на кожата (а очигледно и на другите видови карциноми).
Нели мислите дека е време да престанете да внесувате повеќе од 3,800 штетни субстанции во Вашето тело секој ден? Кажете НЕ на пушењето цигари!