Purò™: слободен кислород за поздрава коса по секое боење
Што е Purò?
Purò е уред за салони кој по техничките услуги (боење, оветлување, трајна) ја враќа косата поблиску до нејзината природна структура. Користи слободен кислород за да ги обнови дисулфидните врски што се кинат при боење и ги затвора кутикулите.
Како работи
Водородниот пероксид во бојата (хидрогенот) и осветлувачот (бланшот) ги кине врските што и даваат цврстина на косата. Кога Purò се применува врз влажна коса по миењето, слободниот кислород го презема водородот и излегува како вода. Атомите на сулфур повторно се поврзуваат и врската се враќа во својата оригинална форма. Резултатот е до 93% запечатена кутикула.

Резултати
- Поголем сјај, затоа што запечатената површина повеќе ја одбива светлината
- До +87% повеќе хидратација, затоа што косата ја задржува водата
- +15% волумен од водата што косата ја задржува
- Поинтензивна боја која трае подолго, затоа што пигментот останува заробен
- Помалку расцветани врвови
Се користи кај боење и тонирање, осветлување (мелирање, балајаж, шатуш, дегради, белење), реконструктивни третмани и трајна, на фина, густа и кадрава коса.
Лесно за салонот
- Нема дополнителна работна сила
- Нема потреба од обука
- Нема дополнително време во техничката услуга
Purò не ја заменува козметиката, туку работи заедно со неа како бустер. Не е плекс и не е кислородна терапија.
Карактеристики
Циклус од 10 минути со еден допир, резервоар од 500 ml (само деминерализирана вода), димензии 25 × 14 × 13 cm, тежина околу 0,9 kg, напојување 100–240 V.
Пробајте една недела бесплатно
Закажете презентација и бесплатен тест од една недела во вашиот салон. Контакт тука…
Purò™ е заштитен знак на Purò S.r.l., Италија. Резултатите зависат од состојбата на косата и од изведената услуга.





