Поткожни влакна!?

Фоликулитис, поткожни и подраснати влакна … кажете ги како сакате. Сите ги имаме на некој дел од телото. Причината може да биде депилација, бричење или само од себе … и чувството не е воопшто пријатно!

Зошто влакната се заглавуваат?

Фоликулитис е воспаление на фоликулата на влакното. По депилација или бричење, или кога влакната растат неправилно, се случува да не можат да се пробијат на површината на кожата. Фоликулата се воспалува, и се појавуваат поткожни бубулици, гнојни акни (пустули),  дури и цисти, што знаат да бидат исклучително болни.

Каде најчесто се појавуваат поткожни влакна?

Најчесто се појавуваат во области што се најизложени на депилирање или бричење: бутови, потколеници, препоните, пазувите, вратот и брадата … исто, на области што се  стегнати под многу тесна облека или не дишат доволно. Се појавуваат и на области каде што се чупаме (особено кога ги вадиме влакната спротивно од нивниот раст): веѓи, горни усни или брада.

Превенција на поткожни влакна:

  • Редовен пилинг помага да се отстранат слоевите мртва кожа и помага влакната да го најдат правилниот пат и да излезат на површината.
  • Избегнувајте бричење, колку што е можно повеќе. Мажи, бричете го лицето во насока на растот на влакната, не обратно.
  • По бричење, нанесете козметика за смирување и дезинфекција, како Гел од чајно дрво, потоа нанесете Folisan Серум против враснати влакна (прави пилинг на мртвите слоеви на кожата и спречува бактериите што предизвикуваат инфекции, да се прошират на другите делови од кожата).
  • 100% Памучна облека (особено на интимната зона), спречува појава на подраснати влакна.
  • Анти-перспирант за чувствителна кожа на пазувите (што ги негува и потхранува фоликулите на влакната).
  • Беспрекорна хигиена на бричевите, машинките за депилација, спатулите и останатите алати за депилација.

Третман:

Некогаш не можеме да ја спечиме појавата на поткожни влакна. За да ја намалиме можноста да се појават, и да спречиме појава на инфекција, кожата по депилација треба убаво да се исчисти и да се хидрира. Потоа, нанесете Folisan Серум против враснати влакна што ја спречува појавата на поткожни. Ако веќе се појават, нанесувајте од серумот 2-3 пати дневно, се додека влакното не ја пробие површината на кожата.

Никако не ги стискајте точките, за да ги отстраните (со прсти, чупалица или игла). Можете да ја вложите состобата и да си направите инфекција или лузни.

Ако состојбата на поткожното запушување е многу сериозна, со себум и крварење, консултирајте се со вашиот лекар, што во одредени случаи, може да ви предложи и антибиотици.

Поткожни влакна!?
Scroll to top
Сакате производи за домашна употреба?Ние ви нудиме одлични производи за сечиј вкус

Изберете си одлични  производи за домашна употреба.