Интимна депилација дома – Ризици
Пред неколку дена, во етаблиран портал за козметика, прочитавме дека 25% од лицата што прават интимна депилација дома, си нанесуваат повреди
(без разлика дали е со восок, креми, брич, па дури и со ножици). Кај 1.4% повредите се толку сериозни, што бараат медицинска нега.Податоците се од студија за „Најбезбеден метод за интимна депилација“ на универзитет во Сан Франциско. Со над 7.500 испитаници, заклучиле дека 85% од жените и 66% од мажите ги вадат влакната на интимата, и си нанесуваат повреди:
- Исекотини
- Изгореници
- Одрана кожа
Докторите што ја воделе студијата, предупредуваат дека 60% од повредите, се поврзани со исекотини, што ја зголемува веројатноста за пренесување на сексуално преносливи болести. Сериозните повреди, најчесто биле резултат на нестручно отстранување на влакната.
На крај, заклучено е дека интимната депилација е безбедна, кога се изведува од страна на стручни козметичари. Кога депиалцијата се изведува правилно, се избегнуваат повреди и влакното целосно се вади од коренот (за разлика од депилацијата дома). Ваквата депилација, обезбедува побавно растење на влакното и се одложува времето до следната депилација.
Заклучивме … не се депилирајте дома!
Најдобро е да се препуштите на професионалец, што ќе ви направи припрема на кожата, професионално ќе ги отстрани влакната и по депилацијата ќе ви нанесе крема за омекнување на кожата + серум против враснати влакна + ампула за забавување на растот на влакната.
Може да ви направи и фризура!
Исто, ако кожата на интимата ви старее и се опушта, побарајте CERAZYME® Anti-Age депилација за подмладување.
Прв пат слушате? Тука прочитајте повеќе!