МИТ БР.1: Депилација предизвикува брчки ..
Мит или вистина… восокот предизвикува брчки? Кружат многу урбани митови за депилацијата .. Заради безбедноста на кожата, морате да знаете што е точно, а што неточно. Депилацијата денес не е само вадење на влакна, веќе се смета за козметички третман.
МИТ БР.1: Депилацијата предизвикува брчки. Се верува дека при вадење на влакното со восок за депилација, кожата се истегнува, се набира и со тек на време се опушта и се појавуваат брчки. Напротив, професионалните техники со кои козметичарот го извлекува восокот, ја затегнуваат кожата и ја прават цврста. #Depileve восоците се лепат за влакното, но не и за кожата (не ја тегнат кожата).
Зошто се појавуваат брчки?
- Генетика
- Надворешни фактори
- Нездрава исхрана
- Недоволно спиење
- Претерано сончање и солариум
- Недоволен внес на вода
- Пушење
- Стрес
Редовната употреба на восок за депилација (на секои 3 недели или еднаш месечно), не предизвикува брчки.
#Depileve разви специјални третмани што се многу повеќе од само депилација:
- CERAZYME® DNA Rejuvenation третман на депилација + подмладување, со активни состојки што ја зацврстуваат кожата и подмладуваат со секоја апликација. Со само еден третман, ќе забележите разлика. Кожата станува мазна, мека и хидрирана.
- CERAZYME® Depilbright третман на депилација + избелување (против пеги, флеки и темни дамки). Овој третман го изедначува тенот, ја стимулира микро-циркулацијата и кожата самата се обновува. Се добива ефект на порцеланска кожа (без употреба на хајлајтери). Одлична е за лице!
Разјаснивме еден мит: восок за депилацијата не предизвикува брчки! Знаете ли некој друг мит за депилација? Пишете ни! Нашите специјалисти стручно ќе ви објаснат се што ве интересира околу третманите за депилација во некој од наредните постови.