Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Маж сум и сакам да се депилирам …

Многу мажи прашуваат дали боли …

Ако сте маж и сакате да се депилирате, овој текст е за вас:

Колку ќе ме боли?

Зависи од повеќе фактори: толеранција на болка, чувствителност на кожата, дебелина и еластичност на епидермисот, областа што ја депилирате .. Но, не грижете се, не е страшно! Depileve восоците се направени да се лепат за влакното, но не и за кожата. Ова значително ја редуцира болката. Покрај тоа, колку повеќе се депилирате, помалку ве боли. Многу брзо ќе се навикнете, затоа почнете уште веднаш.

Ќе ми се изретчат ли влакната?

Докажано е дека колку повеќе се депилирате, влакната стануваат се послаби и побавно растат. Прашајте искусен! По неколку третмани, ќе забележите дека влакната помалку се забележуваат. И тоа, може да растат уште побавно со Gold концентратот.

Зошто ми излегуваат подраснати влакна?

Некои области се склони на подраснати влакна. Но, не грижете се! Со соодветна ексфолијација и редовно користење на Folisan, овој проблем ќе исчезне. Погледнете ги причините зошто излегуваат поткожни влакна.

Ќе ми порасне самодовербата?

Ако физичкиот изглед влијае на вашата самодоверба, отстранување на несаканите влакна и тоа како ќе направи да се чувствувате поубав. Ќе можете да си ја почувствувате кожата, мазна, чиста и поатрактивна на допир. Но, се е до ставот, не заборавајте. Нема штета ако пробате. Ќе видите дека подобро ќе се чувствувате.

Колку често треба да се депилирам?

Се зависи од квалитетот и топот на влакното. Во просек, депилација се прави на три до четири недели, а како што се депилирате повеќе, овие интервали ќе се намалуваат.

Да се депилирам дома или во салон?

Во салон! Без двоумење. Ако сакате здрава депилација и совршено извадени влакна, посетете го вашиот козметичар. Ако немате ваш козметичар, прашајте пријател да ви препорача од искуство. Професионалците што работат со Depileve восок, се придржуваат до строг протокол на работа. Ќе добиете брза и хигиенска депилација, без ризик од добивање на инфекции и иритирана кожа. Не пробувајте дома! Ќе ве боли, ќе потрошите многу време и може да се изгорите. Оставете им ја работата на професионалци.

Имате уште прашања? Пишете ни тука или на феjсбук страната. Ќе ви одговориме најбрзо што можеме!

Напишете коментар

Scroll to top