Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Бланширање “Step by step”

Прирачник за осветлување на коса: бланширање, шатирање и нијансирање …

Што е бланширање? 

Бланширањето е отстранување на несаканиот пигмент на косата:

За да се добие квалитетна основа за драстична промена на нијансата 

Или целосна промена на природната боја на косата

Бланшот к.blonde ве ослободува од ограничувања во изборот на бојата и клиентот го добива резултатот како “на сликата” што ви ја покажал!

Дијагноза

Колку често нанесувате боја без да направите анализа на влакното на клиентот?

  1. Определете го типот на влакното, состојбата на скалпот и нијанса на остатоците од претходната боја
  2. Предложете му решение на клиентот според вашата замисла (клиентот ќе ја цени вашата професионалност). Земете ја во предвид формата на лицето, неговиот физикус, стилот на живот, личниот вкус и техничките ограничувања за добивање на бојата.
  3. Ако не му се допадне предлогот, строго држете се до неговите желби (тој ќе ја носи косата).
Заштита на влакното од оштетување

Стандардниот бланш сериозно ја оштетува косата (влакното станува обезмастено, кршливо и се рони). Овој проблем, #LAKME го реши со новиот тип на бланш к.blonde направен од глина со каолин, богата со минерални масла. К.blonde бланш е благ за кожата на рацете и може да се користи без ракавици. Технички е толку напреден, што може да се нанесува слободно со прсти (без четка)! Додаденото масло од семе од Camelia Japonica ја заштитува еластичноста на косата и по третманот, влакното не се крши. LAKME k.blond дополнително ја засилува заштитата на влакното со церамиден комплекс и додавање на пчелин восок во својата формула.

Слика 2: Каолин

Новата формула на бланш од природна глина (со каолин) LAKME k.blond:

  • Не содржи Амонијак
  • Ја запечатува кутикулата
  • Влакното останува еластично
  • Хидрира и освежува
  • Се нанесува без четка (со слободна рака)
  • Не користите ракавици
Зошто да одберам k.blonde? 

K.blonde сетот е напреден систем за осветлување, со тоа што дозволува комплетна промена на изгледот и слобода во изборот на боја со слободна рака (без четка). Ќе добиете спектакуларни резултати без никакви оштетувања на влакното. K.blonde сетот ја затвора обвивката на влакното и природните масла на косата остануваат во внатрешноста, ја задржувате косата здрава и цврста. За најдобри ефекти, нанесете k.blonde фолија, што убаво ја загрева косата. K.blonde глината за бланширање е флексибилна и прецизна е за сите технники на осветлување: Bronde, Shatush, Balayage, Splashlight, Degrade!

Што е ново? 
1. Sweet Highlights

Природен изглед, за осветлувања со ефект на свилена коса. Додава сјај и свежина.

2. Honey Bronde

Bronde е микс на костенлива боја и медено руса, за ефект на сончеви прамени.

3. Cotton Candy Color
Пастелна розе руса, за романтичен изглед и освежување на карактерот.

Трендот на експериментирање со пастелни бои, ја зарази новата генерација на технолошки образувани клиенти. На овој начин ја покажуваат својата независност и индивидуалност! Исто како тетоважите, само на коса. Понудете им на клиентите услуга што другите салони ја немаат и уживајте во експериментирање на галактични, камелеон и виножито ефекти. Понудете !тренди: слеан премин помеѓу две контрасни бои, или скалирање на неколку бои на ист прамен. Замислете ја реакцијата на клиентот кога ќе му понудите аквамарин, златнo-розе или нијанса на лаванда …

Што е тренди?

Формули за тонирање (сите овие нијанси можете да ги добиете со сетот к.blonde ):

Ајде да ја отвориме кутијата SALON BOX: Lakme к.blonde и да видиме што има внатре:

  1. Глина за бланширање 450гр
  2. Крем бланш (хидратантен) 450 гр
  3. 3 x Тонер за неутрализација на жолти и портокалови тонови (Silver) 60мл
  4. 3 x Тонер за неутрализација на жолти и портокалови тонови (Pearl) 60мл
  5. Боја за коса Collage 10/20 Violet Platinum Blonde 60мл
  6. Тонер осветлувач Collage Mix 0/00 Lightener 60мл
  7. Тонер црвен Collage Mix 0/50 Red 60мл
  8. 3 x Бланш монодози 20гр
  9. 3% Хидроген 90мл
  10. 6% Хидроген 90мл
  11. 9% Хидроген 90мл
  12. 12% Хидроген 90мл
  13. 2.7% Хидроген 120мл
  14. Алуминиумска фолија за шатирање
  15. Шпатула за бланширање
  16. Прирачник за бланширање/ шатирање/ нијансирање (Чекор по чекор)

Напишете коментар

Scroll to top