Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Дали ја користите козметиката по правилен редослед?

Серум, тоник, пилинг, крем, заштита од сонце, крем за околу очи, чистач… колку производи за нега на кожа имате во вашето шкафче? Сигурно многу…

и сигурно сте се запрашале дали ги користите со правилен редолсед. Ќе се обидеме да ви објасниме во детали чекорите кои би требало да ги вклучите во Вашата дневна рутина за нега на лицето.

Отстранувач на шминка

Доколку користите шминка, ова би требало да е првиот чекор на рутината. Одберете го отстранувачот согласно типот на Вашата кожа, делот од лицето или саканата текстура.

Чистач (пена за чистење)

Чистењето е базата на секоја рутина за нега на лице. Со погрешно чистење, ниту еден хидрататор или подлога нема да направат ништо добро. Треба да го правите наутро и навечер, без разликадали имате или немате шминка. Дури и “ако ве мрзи” потрудете се да не ја избегнувате оваа фаза, ќе бидете благодарни со тек на времето. Кожата многу се валка поради надворешните влијанија и сопствената секреција на себум. Покрај тоа, чистачот ги отстранува и остатоците од шминка од претходната фаза. Одберете чистач согласно типот на кожата.

Пилинг и маска за лице

Ова се два производи кои не се користат секој ден, но доколку не ги користите би требало да ги вметнете еднаш неделно. Ако ги користите заедно, тогаш би требало прво пилингот, а потоа маската.

Тоник

Ова е третиот чекор и честопати забораваме да му дадеме значење кое го има, бидејќи игра многу важна улога. Тоникот го враќа рН балансот на кожата по чистењето, ја освежува кожата, ги намалува порите и ја подготвува за следниот чекот.

Крем за околу очи

Бидејќи регијата околу очите вообичаено не се третира со серуми, масла или креми за лице, препорачуваме овој чекор да се направи сега. На овој начин ја лимитираме регијата со аплицирање на посебен производ специјален за нега околу очите. Почекајте производот целосно да се впие пред да се шмикнате.

Масло за лице

Иако ова не е неопходен производ, маслата за лице стануваат се по популарни. Бидејќи генерално делуваат на лимфното ниво, во многу случаи најдобро е да го користите пред серумот.

Серум

Серумот секогаш се нанесува пред кремот за хидратација. Благодарејќи на концентрацијата на состојките и текстурата, навлегува во најдлабоките слоеви на кожата.

Крем за хидратација

Заедно со чистењето, ова е есенцијален чекор. Нанесте од кремата по серумот и не го заборавајте вратот и деколтето.

Заштита од сонце

Доколку Вашата крема не содржи заштитен фактор, пожелно е да користите по кремот за лице. Некои заштитни креми ја изедначуваат текстурата и идеално делуваат и како основа за шминка.

Се разбира, немора да ги користите сите производи од листата, но сега имате водич по кој редослед да ги користите. Запомнете дека навечер најдобро е да ги повторите барем чистењето, серумот и кремот за хидратација.

Напишете коментар

Scroll to top