Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

ЧПП: DEPILEVE ОДГОВОРИ (2)

Дали да се бричам помеѓу депилациите?
  • Немојте никако да се бричите таму доле! Влакната ќе бидат пократки и следниот пат кога ќе се депилирате восокот нема да може да фати убаво. Покрај тоа бричењето предизвикува враснати влакна, црвенила и иритации. Доколку имате потреба, подобро закажете депилација на секој три, наместо на четри или пет недели.
Дали може да се депилирам за време на менструација?
  • Се разбира да, само имајте на ум дека 3 дена пред и по добивањето малку сте почувствителни.
Дали може да се депилирам за време на бременост?
  • Се разбира! Депилацијата станува веќе пракса ка идните мамички. Како и да е, одберете козметичар кој е добро запознаен со овие техники и кој користи Филм восок од третата или четвртата генерација на восоци. Крвните садови се повеќе дилатирани за време на овој период и потребно е посебно да се води сметка. Доколку прв пат се депилирате или доколку не сте се депилирале подолго време, оставете козметичарот да направи проценка на состојбата и послушајте го советот.
Дали моите лекови може да влијаат на депилацијата?
  • Секако дека може да влијаат. Одредени лекови и препарати ја истенчуваат кожата и може да дојде до лупење или изгореници за време на депилацијата. Доколку не сте сигурни дали вашиот лек ќе влијае на кожата, консултирајјте се со козметичарот пред да одите на депилација.
Може ли да одам на сончање во солариум пред или после депилација?
  • Почекајте најмалку 48 часа по депилацијата пред да одите на сончање. А доколку користите потемнување со спреј, почекајте барем еден ден пред да се депилирате, инаку постои можност бојата да излезе.
Како може да ги спречам враснатите влакна?
  • Враснатите влакна по правило се тенки влакна кои неможат да ја пробијат кожата предизвикувајќи воспаление. Најдобар начин за превенција да правите нежен пилинг 2-3 пати неделно. Побарајте од вашиот козметичар и Depileve Folisan.
Што да избегнувам кога се депилирам?

Следните 24-48 часа на депилираните делови избегнувајте:
– пилнизи
– директна изложеност на сонце и солариум
– парфимирани креми и состојки кои може да иритираат
– дозодоранси: иритираат и ги зачепуваат фоликулите
– прекумерна топлина: топла купка, сауна. Топол туш е во ред

Напишете коментар

Scroll to top