Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Сакаш да станеш Blondy?

Blondy?…  сите вие што сакате да станете #Шатирана, #Balayage или #Русокоса, прво морам да ве предупредам

на неколку детали, што мене никој не ми ги кажа пред да се одлучам да ја сменам бојата!

Еве што треба да знаете: 

1) НЕ Е ЕФТИНО

Ако не сакате воопшто да инвестирате во косата, руса (Blondy) боја не е за вас! Освен редовното одржување кај професионален фризер, бара специјални препарати за да ја одржите здрава, свежа и хидрирана. Овој златен изглед, чини повеќе од обично боење на косата. И тоа е само почеток …

2) МОРА РЕДОВНО ДА СЕ БОИ КОРЕНОТ

Титулата „плавуша“ не завршува со излегување од салонот. За да изгледате луксузно, мора редовно да го посетувате вашиот фризер, кога ќе ви порасне коренот (на 3-4 недели, зависно колку брзо ви расте). За постигнување на совршена ледено-руса боја, ви требаат 2 боења. И мора да ја одржувате.

root

Секако, потемните руси нијанси се полесни за постигнување. На пример платинеста или бебешко руса. Ако не сакате да имате проблем со подраснат корен, за вас е техника #Balayage.

3) БАРА ПОСЕБНА НЕГА

Ако станете руса, сте дале збор дека косата ќе ја третирате како злато. За одржување на нејзиното здравје, мора да користите специјални производи за нега (против порозна коса, разлетаност, за одржување на бојата и хидратација). Во спротивно, ризикувате косата да ви изгледа запуштена како слама (со жолт/портокалов пигмент). Освен основната нега, Шампон и Маска за руса коса, треба да ја миете со Anti-yellow неутрализатор на жолти/портокалови тонови. На крај се нанесува Серум за суви и оштетени врвови. Ефектот е коса свилена на допир.

4) ЈА ОШТЕТУВА КОСАТА

Боење на косата дома или од нестручни лица, предизвикува значително оштетување на влакното кај русите бои. Косата шкрипи и се распаѓа под прстите. Во посериозни случаи, може да предизвика и косопад. Ваквата радикална промена може навистина да ви се допадне, но препуштете му ја работата на искусен професионалец. Изберете неинвазивен Бланш, што ја чува структурата на косата и Боја со супериорна покривност и заштита на pH балансот на главата.

5) ЖИВОТОТ ВИ Е ПОУБАВ

Сепак, и покрај обврските, да се биде руса е неописливо искуство! Животот ви е многу позабавен и самодовербата ви расте до плафон. Сите забележуваат! Станав поинтересна личност (дури и ако тоа е само во мојата глава). 😉

Напишете коментар

Scroll to top