Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Состојка на месецот: Алое Вера

Алое Вера, познато и само како Алое, се користи во козметиката и медицината со векови. Тоа е растение кое обезбедува повеќе бенефити за кожата и здравјето: има заздравувачки, регенеративни, астрингентни, хидратантни, антибактериски и подмладувачки својства, помеѓу другите.

Како што знаете, Depilève има некои формули во палетата на восоци кои содржат алое вера. Ќе ви кажеме за предностите кои алое вера ги обезбедува за вашата кожа и зошто се важни за депилацијата:

Хидрира: алоето е моќна активна хидратантна состојка за кожата. Помага за одржување на нивото на влага во епидермисот, ја задржува водата во кожата со подолготраен ефект и поеластична кожа.

Алоето е астрингент: исто како и хидратацијата, е моќен агенс за регулација на себумот кој помага за отворање на порите на кожата. Ова ни помага убаво да се исчисти кожата и да спречи појава на враснати влакна.

 

aloe vera vosok

Антибактериски својства: оваа карактеристика, во комбинација со претходните две, е идеална за третман на про акнозна кожа. Во однос на депилацијата, оваа карактеристика помага за намалување на појава на инфекции во фоликулите на влакната.

Регенерира: Алое Вера стимулира создавање на колаген и еластин, влакна кој ја држат кожата, забавува стареење и формирање на стрии. Исто така помага на кожата во регенеративниот процес на клетките, што доведува до поздрава текстура на кожата. Како додаток на сите овие квалитети има и извонредно лекувачко дејство.

Смирува: Алоето моментално смирува црвенила и изгореници, што го прави идеален за кожа која има изгореници од сонце или за смирување на многу чувствителна кожа. Понатаму, идеално е за смирување на кожата по депилација, а има и разладувачки ефект.

Се уште не сте ги пробале нашите восоци со Алое Вера? Прашајте во Вашиот козметички салон следниот пат кога ќе одите на депилација и кажете ни што мислите.

Напишете коментар

Scroll to top