Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Не сакам да се шишам по летниот одмор …

Мммм … море, сонце, звук на бранови! Летниот одмор навистина ја регенерира душата, НО: Хлорот од базените, сонцето, солената вода … по летниот одмор ти ја направија косата пепел?!

Еве како да ја вратите во живот: 

1. НАПРАВЕТЕ ХИПЕР-ХИДРАТАЦИЈА

Одвнатре и однадвор. Косата побрзо расте кога ја миете почесто и кога пиете многу вода. Како е ова можно? Водата е извор на живот, кога пиете големи количества на течности, кетките многу брзо се регенерираат и влакната растат побрзо. Користете хидратантен шампон, богата маска за коса и хидратантен Спреј од Арган (коктел од арган, кератин, свила, лен и UV филтри). Избегнувајте сонце од 11-15 часот.

2. КОНТРОЛА НА РАСЦВЕТАНИТЕ ВРВОВИ

Сонцето, ветрот и солената вода, ги пресушуваат врвовите на косата и влакното пука. Скратете ги за мин. 1cm и ќе забележите дека косата повторно ви е бујна, мазна и нахранета. Користете квалитетна крупна четка за коса, што не го кине влакното и не заборавајте да нанесете заштитен, хранлив Серум за врвови.

3. НОСЕТЕ ШЕШИРИ, КАПИ И МАРАМИ

Косата сега е многу чувствителна. Додека трае процесот на опоравување, не ја изложувајте дополнително на сонце. Одберете ја вашата омилена марама или шешир и претворете се во париска дама или заштитете го скалпот и косата со слатко поло-капче. Ако сеуште посетувате базен или имате викенди на море, никако не ја мокрете косата.

4. НЕ ЈА СТЕГАЈТЕ КОСАТА

Пуштете ја косата да се одмори. Заборавете на високото коњско опавче и цврстите пунџи. Ова дополнително го оптоварува коренот, ја иритира кожата на главата и ја кине косата. Особено кога користите гумени ластичиња. Одморете ја од фенирање и пеглање. Ако сепак не можете да шетате со несредена коса, користете јонски четки, пегли и фенови, што го заштитуваат влакното од топлина.

5. ИСХРАНА ЗА КОСАТА

Нахранете го влакното со нова енергија! Јадете темно зелен зеленчук, црвено месо, непечени семки, портокалови плодови, ореви и мед. Внесувајте доволна количина на нерафинирано сончогледово масло. Оваа инфузија на Е, Ц витамин, цинк и бета-каротен, ќе ја пополни шупливата структура на косата и ќе забележите дека почнуваат да ви растат нови влакна. Ако живеете супер-брзо, секое утро правете си моќно смути со следните состојки:

  • 1 чаша бејби спанаќ
  • 1/2 чаша мешано шумско овошје
  • 1 супена лажица чиа семе
  • 1/2 банана
  • неколку бадеми
  • 1 зрела праска
  • 3-5 коцки мраз
  • 1 чаша вода

Косата ќе се радува!

6. БРЗА ПОМОШ! ТЕРАПЕВТСКИ ТРЕТМАН

Ако косата ви е во многу лоша состојба, од вашиот фризер побарајте терапевтски третман: ботокс | кератин | хијалурон | колаген. Со инфра-црвена пегла, фризерот ќе ви ја отвори кутикулата на влакното. Лековитите состојќи на третманот, ќе навлезат длабоко во влакното и ќе ви ја спасат косата од шишање.

7. ЧИСТА КОСА

Ослободете ја косата да диши! Со шампон за темелно чистење, отстранете ги бигорот и силиконот. Овие седименти со месеци се таложат од тврдата вода и стајлинг производите. Ваквата постапка го измазнува влакното!

Напишете коментар

Scroll to top