Најефикасен начин на аплицирање на Вашата козметичка рутина

Сега кога го знаете точниот редослед за аплицирање на нашата козметика како дел од дневната и ноќната рутина, ќе посветиме малку внимание на некои совети за аплицирање…

…кои се исто така многу важни за ефикасноста на производите. Аплицирањето на козметичките производи на погрешен начин може да доведе до хаос со вашата кожа.

Отстранувач на шминка

Мора да восиме сметка за регијата каде што ја отстрануваме шминката. Ако вадиме шминка од очите, натопете го туферот со отстранувач на шминка и нанесете на капаците и трепките, се разбира со затворени очи. Нежно притиснете и по неколку секунди повлечете го туферот надолу во правец на раст на трепките. Повторете ја постапката додека целосно не ја отстраните шминката. Немојте да триете ниту да правите нагли странични движења.

За отстранување на шминка од устата, земете друг туфер и нежно отстранете ја шминката од усните.

За остатокот од лицето употребете ново туферче (не штедете) и нанесете од отстранувачот со долги, нежни движења према надвор.

Чистач (пена)

Откако ќе ја отстраните шминката, натопето го лицето со топла вода и со врвовите на прстите нанесете од гел пената за чистење. Потоа со кружни движења распоредете го гелот по лицето. Обратете особено внимание на најпроблематичните регии како Т-зоната незаборавајќи го вратот. Исплакнете со многу вода и исушете само со тапкање, без триење, со крпа која ја користите само за Вашето лице.

Тоник

Се враќаме на туферчињата: нанесете тоник без премногу да го натопувате и поминете го лицето со долги, нежни движења од центарот на лицето према надвор, избегнувајќи гии контурите на очите. Ако имате време, препорачуваме да земете уште едно туферче натопено во тоник и со тапкање реактивирајте ја микроциркулацијата.

Маска

Чиста четкичка за шминкање, каква што користите за нанесување на подлога, е идеална за нанесување на маски, затоа обезбедете си една специјално за оваа намена. Чувството при нанесување на маска со четкичка е воедно и многу релаксирачко.

Пилинг

За пилинзите, Вашите прсти се главна алатка. На навлажнето лице, нанесете од пилингот со кружни движења, обрнувајќи посебно внимание на носот, челото и брадата.

Производи за околу очи

Најдобар начин за нанесување на козметика околу очите е со лесно тапкање околу целата орбитална коска (регијата под окото и под веѓите). Не нанесувајте на очните капаци.

Масло за лице

Ставете неколку капки од маслото на дланките и загрејте го. Потоа поставете ја дланката со благ притисок на челото и брадата, слепоочниците и образите, носот и централниот дел од лицето, двете страни од вратот и деколтето.

Серум

Откако ќе загреете неколку капки од серумот со врвовите од Вашите прсти, тапкајте на лицето од центарот према надвор, незаборавајќи ја линијата на вилицата и вратот.

Крема за хидратација

Нанесете со долги и многу нежни движења кои почнуваат од центарот на лицето према надвор, внимавајќи да не ја истегнувате кожата (може да предизвика појава на брчки). Кожата на вратот и деколтето е многу слична на лицето, затоа не заборавајте ги овие регии при хидратацијата.

Најефикасен начин на аплицирање на Вашата козметичка рутина
Scroll to top
Сакате производи за домашна употреба?Ние ви нудиме одлични производи за сечиј вкус

Изберете си одлични  производи за домашна употреба.