Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

ЧПП: Depileve одговори (1)

Колку долго треба да биде влакното пред депилација?
  • За најдобри резултати, влакното треба да е 0,5-1см. Оставете влакната да пораснат барем една недела. Ако имате чувство дека влакната ви се премногу долги, побарајте од вашиот депилатор да ги скрати на помала должина. Може да се потребни и до 3 депилации за да постигнете мазна кожа поради фактот дека влакната растат во фази, сите влакна никогаш не се во иста фаза на раст. Многу е важно да не се бричите помеѓу депилациите затоа што ќе го прекинете процесот и ќе стимулирате повторен раст на влакна.
Дали треба да се избричам пред депилација?
  • НИКАКО!!! Колку е подолго влакното, восокото подобро ќе го фати и ќе добиете помазен резултат. Запомнете, ако влакната се премногу долги, побарајте да ви ги скратат малку. Значи немојте да се грижите, малку влакнесто не е страшно!
Колку често треба да одам на депилација?
  • На секои 4 неделеи. Редовната депилација е есенцијална. Кожата ќе биде помалку чувствителна доколку депилацијата е на секои 4 недели. со тек на времето, со редовно депилирање, фоликулите на влакното ќе стануваат помалку отпорни на вадење и ќе излегуваат полесно. Исто така со тек на времето влакната ќе стануваат поретки.
Колку трае депилација на тело?
  • Вообичаено секоја регија се завршува за 10-20мин. Во зависност од вашите навики (честота), колку почесто се депилирате токлу побрзи ќе стануваат депилациите.
За колку време повторно ќе ми пораснат влакната?
  • ОК, ова е трик прашање бидејќи, што се однесува до влакната и нивниот циклус на растење, не сме сите исто скроени. Сите имаат различна брзина на растење во зависност од генетиката. Како е да е во просек 4 недели е времето помеѓу две депилации.
Дали влакната ќе ми пораснат подебели и потемни?
  • Не. Со депилацијата влакната ги вадиме од фоликулата и го ослабнуваме коренот. Така да се што ќе порасне повторно, ќе биде послабо, поретко и полесно за вадење следниот пат.
Дали влакната ќе престанат да ми растат?
  • Не, но ќе бидата поретки, потенки и полесни за вадење доколку редовно се депилирате.

Напишете коментар

Scroll to top