Акни?! Ослободете се …
Многу луѓе со акни на лицето, имаат развиено комплекс на ниска вредност за својот изглед и се чувствуваат неатрактивно! Еве го решението …
Акните се едни од најдосадните форми на несовршена кожа, гледано од естетски аспект. #ANESI го истражуваше овој проблем, со цел да открие брз и ефективен лек. За да се излечат акните и да се спречи нивна појава, мора да ги знаеме причините. Лојните фоликули на влакното се основа за формирање на акните!
Постојат 4 основни причини за инфекција на акните:
- Обструкција на фоликулите: Гледано под микроскоп, може да се види абнормална кератинизација на ѕидовите на фоликулата, со што се оневозможува излегување на фоликулата на површината.
- Зголемено ниво на бактеријата Corune Bacterium Ancei ( C. B. A.): Нормалната микрофлора на фоликулата се состои од не-патогени бактерии на стафилокака, не-патогени микро-габи и Coryne Bacterium Acnei. Зголемената концентрација на овие бактерии, предизвикува ферментација со која се создава акна.
- Зголемено лачење на масните жлезди: Лачењето на овие жлезди нормално почнува во пубертетот, некогаш се случува поради стимулирани хормонални активности. Секојдневната хигиена со производите за нега на кожа, го минимизираат овој проблем.
- Квантитативна модификација на себумот: Зголемувањето на C.B.A провоцира ферментација на триглицеридите (ги претвoра во многу иритирачка масна киселина). Оваа иритација, создава воспалителни процеси. Денес е познато дека акните настануваат и како резултат на зголеменото лачење на тестостерон, или преосетливоста на клетките на кожата на тестостерон.

Најчести видови на акни:
- Комедоните
- Микро-цисти
- Себореа
- Папули
- Фистули
- Папило-фистули

Дермо-корекција е третман за:
- Елиминација на Бактеријата – предизвикувач на Акни
- Регулација на количината на Себум што го лачат масните жлезди
- Лечење на акнозна кожа (ги избледува лузните)
Купи Онлајн: Dermo Control СЕТ за корекција на лице