Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

blond

7 причини зошто плавушите живеат поубаво

Цел живот eкспериментирам со сите можни бои за коса, и пак на крај одбирам да бидам руса …

Има многу причини, сега и вас ќе ве убедам:

Како дете, бев кафена, како и повеќето од моите пријатели. Кога почна пубертетот, посакав да се сменам. Сакав да бидам различна. Почнав со убава златна нијанса, па по некое време ја затемнив во најтемна руса. Мајка ми многу се разочара. Сметаше дека е прерано да ја бојам косата, па престанав да експериментирам и се вратив на природната боја.

Сепак, ми фалеше чувството да се биде руса. Не велам дека сите бринети се безвредни и здодевни, но имав чувство дека бојата не се совпаѓаше со мојот бунтовен карактер. Темната коса ми се чинеше дека ме прави да изгледам бледа и изморена. А, бев прилично чуден тинејџер кој ужива во танц, караоке и режирање домашни филмови што на сите им беа интересни. Сакав да се издвојам. Сакав пак да бидам #Blondy. Пред да почнам да студирам, решив!

Во прво време вадев прамени, па се офарбав целата во многу светла, скоро бела руса. Мајка ми мораше да признае дека бојата ме отвори. Ако никогаш не сте пробале да ја осветлите косата, еве неколку причини:

1. Се чувствувам поженствено 

Очигледно, женственоста е прилично субјективна работа – за разлика од зборовите “убава” или “атрактивна”. Како и да е, јас не се чувствував убаво како бринета. За мене, фустан и црвен кармин се многу моќно оружје. Но, да бидеш #Blondy е неспоредливо подобро. Без мојата светла коса, јас едноставно не се чувствувам како жена.

2. Се разликувам од топлата

Кога имате јавна работа, изгледот некогаш е и пресуден, за да бидете забележани. За мене, ова е многу важно! Кога не сум верна на русите нијанси, немам самодоверба. А кога немам самодоверба, и настапот не ми е онаков како што треба да биде.

3. Ме подмладува

Мајка ми е природна бринета, но по 40-тата решиси целата побеле. И тогаш реши да стане #Blondy. Жената има многу нежно лице и со кафената боја изгледаше многу уморно. Одеднаш стана свежа. Не само однадвор! Сите забележаа дека е посреќна. Почна да се дотерува и прв пат по толку време, се врати дома со циклама розе фустан. Целата зрачеше! Изгледаше како татко ми одново да се вљуби. Смешни се 🙂 Се однесуваат како тинејџери.

4. Одговара на сечиј стил

Стилот ми варира од ден на ден: парталав, женствен, даркерски, секојпат различно (зависно како се чувствувам). Убаво е да си руса, не знам како да ви опишам! Русата коса супер стои и со тесни фармерки, и со моторџиска јакна или розево фустанче со чипка и машнички. Барбика гледаш во огледало и сваќаш дека си ти. Не можам да останам неприметена, дури и кога носам црн машки дуксер.

5. Најубав украс

Честопати ќе излезам надвор од дома, без никаква шминка. Сепак, кога ти е средена косата, секогаш си дотерана. Само ќе ставам брендирани очила за сонце и изгледам како париска дама. Кога бев кафена, морав да носам пудра, многу накит, убава чанта, за да бидам убава. Сега косата е мојот најубав накит. Денес, со ова брзо животно темпо, се фарбаш руса, ја фенираш косата на фризер 2 пати неделно и средена си во секое време. Толку!

6. Против стереотипи

Луѓето имаат толку многу заблуди во врска со русата коса. Автоматски те судат дека русокосите се неинтелигентни, брзоплети, премногу возбудливи, лажни, залудни, недолични, неспособни за лидерски позици, или неодговорни. Ова некогаш знае навистина да те истошти. Некогаш дури и ме прашуваат дали ми е перика. Не сакам да хранам тролови и со време се навикнав да бидам силна и да не обрнувам внимание на негативните коментари. Почнувам да се сакам себеси, таква каква што сум!

7. Ме прави секси

Како љубител на ретро, русата коса отсекогаш ми била синоним за гламур. Кога гледам стари фотографии на жени како Мерилин Монро или Вероника Лејк, делуваат многу старомодно секси, а толку се забавни … Се инспирирам, и штом нанесам црвен кармин, станувам незапирлива! 😈

Напишете коментар

Scroll to top