Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

„2во1“ Луксузен кревет со плакар RESTPRO® Kaiser Flat Beige

Цена: 49,500 ден

Најавете се за салонска цена

кревет за масирање, што во исто време функционира како плакарче (можете да ставите крпи, масла и други материјали)

SKU: 5308 spa kaiser Категории , Ознаки: , ,

Кревет за масажа RESTPRO® Kaiser Flat Beige

Вашиот салон за масажа е сосема мал, а понекогаш и немате доволно простор за да ги ставите сите додатоци што ви се потребни? Дали сте уморни од постојано преместување? Како за купиме кревет за масирање, што во исто време функционира како плакарче? Да, сликите на Kaiser Flat Beige покажуваат дека е можно.

Креветот има мека, анатомска перница за лице, со ексклузивна и удобна подлога за раце. Високо-квалитетниот тапацир и повеќе-слојната мемори пена, ќе им донесат на вашите клиенти, незаборавна релакс масажа! Супер издржливото буково дрво, гарантира стабилност на креветот. Висината лесно се прилагодува. RESTPRO® Kaiser Flat двојните брави за ногарки, обезбедуваат дополнителна безбедност, додека гумените влошки го спречуваат несаканото лизгање на масата.

Креветот има вграден простран плакар со лизгачки врати. Сега имате место да ставите крпи, масла и други потребни предмети. Пријатната, светла боја на креветот за масажа, ќе ви овозможи совршено да се вклопи во внатрешноста на салонот.

 

Порачајте достава до вашиот салон или дојдете во нашата продавница за да го видите креветот.

Нашата адреса е: Народен Фронт 5/1-2, Скопје

 

Додатоци:

  • Ултра мека делукс перница за лице (ја оптегнува кожата на лицето и прави механички лифтинг на лицето)
  • Перница за раце (поставена веднаш под перничето за глава)
  • Плакар за чување на материјали за работа

 

Техничка спецификација:

  • Максимален капацитет на тежина: 454kg
  • Статички капацитет на тежина: 1815kg
  • Должина: 184 см (со потпирачот за глава 211 см)
  • Ширина: 71см
  • Тежина: 40кг
  • Опсег на висина: 66см ~ 90,5см
  • Перница: 7.5cm дебела повеќеслојна
  • Мека-пена систем
  • Тапацир: супер удобен во допир со кожа

 

Стандардни карактеристики:

  • Рамен кревет со заоблени рабови
  • Вграден плакар со лизгачка врата
  • Перниче за глава, што може да се монтира на двата краеви од креветот
  • Копче за заклучување со двојни ногарки (за дополнителна безбедност)
  • Прилагодлива висина од 66см до 90.5см
  • Супер удобен тапацир во допир со кожа
  • Дебела 7,5см повеќеслојна мека пена
  • Супер-силно европско буково дрво
  • Лесно склопување, транспорт и складирање

 

Квалитетот на RESTRPO се гледа во деталите: 

 

 

 

7,5 cm “Мемори пена” – Совршено се прилагодува на телото и не предизвикува притисок (анатомска).

 

 

 

 

Еколошка кожа, мека на допир. За разлика од винил PVH, е неверојатно трајна (другите столици достапни на пазарот, се направени од винил PVH, што почнува да пука и да се распаѓа, веќе една година по интензивна употреба). Еколошката кожа е докажана по својата трајност. Ќе ја користите со години.

 

 

 

 

Основата и ногарките на масата, на 4 места се засилени со дополнителни шини. Сврзните спојки, се двојно зајакнати, по должина на целата конструкција. Ова овозможува стабилност на столицата. За разлика од RESTPRO, евтините кревети, почнуваат да се виткаат и масажата станува непријатна и за клиентот и за масерот.

 

 

 

 

 

Ногарките не се лизгаат.

 

Brand

Restpro

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Scroll to top