Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Body Maker

Фината и тенка коса може да изгледа густа кога е измиена и исушена, но губи тело и станува “сплесната” кога се израмнува или се суши со фен. Фината и тенка коса е кревка и подложна на кршење кога е прекумерно обработувана. Често и недостасува волумен кога се применуваат неефикасни производи.

Препорачливо е да се користат производи кои брзо се впиваат и не оставаат остатоци или дебел слој на косата.

BODY MAKER се грижи за и ја третира фината и тенка коса.

Основните, природни компоненти базирани на органска соја и микропротеини од ориз делуваат како блокови за реконструкција на влакното. Фината коса станува отпорна на кршење и постои ефект на повторно полнење што создава чувство на дебелина, волумен и природен сјај.