Совет за нега на усни

Кој несака да има меки, негувани и потхранети усни? Понекогаш, промените на температурата, одредени состојби или недостаток на хранливи материи можата да предизвикаат пукање на усните, губење на еластичност, лупење и сув изглед. Доколку сакате да го избегнете тоа, обратете внимание на следните совети:

  • Хидратацијата е есенцијална, но не само однадвор: запомнете 2 лит вода секој ден
  • Навлажнувајте ги усните со соодветен производ. Доколку немате таков, кремите за околу очи можат да бидат моќен сојузник, бидејќи кожата околу очите и усните е многу слична. Правете го ова секојдневно како дел од вашата рутина за нега на лице.
  • Секогаш имајте при рака балсам за усни или специфичен производ за оваа намена во вашата ташна и употребете го секогаш кога има потреба за тоа. Шште подобро е ако има и заштита од сонце (запомнете заштитата не е само за лето)
  • Доколку приметите дека усните ви се суви, немојте да ги лижете, бидејќи плунката ги суши усните. Исто така пробајте да не ги лупите, бидејќи може уште повеќе да ги оштетите.
  • Внимавајте на исхраната и употребувајте намирници богати со витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б3, Б5, Б7, Б9 и Б12), кои се есенцијлани за нега на кожата.
  • Избегнувајте премногу зачинета, солена, кисела и лута храна, бидејќи ја сушат кожата.
  • Алкохолот, цигарите и кофеинот исто така ја менуваат кожата на усните
  • Набавете мека четкичка за заби за деца и нежно исчеткајте ги усните со смеса од вазелин и шеќер. Не само што ќе ја реактивирате циркулацијата туку и ќе направите пилинг.
Совет за нега на усни
Scroll to top
Сакате производи за домашна употреба?Ние ви нудиме одлични производи за сечиј вкус

Изберете си одлични  производи за домашна употреба.