Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Дали ја знаете разликата помеѓу епилација и депилација?

Отстранувањето на влакната е дел од личната хигиена. Постојат разни начини како тоа се прави во зависност од тоа какви резултати сакаме да добиеме. Доколку сакате да дознаете повеќе за двата главни начина на отстранување на влакна, прочитајте подолу.

Епилација

И покрај тоа што е најефективна опција во поглед на резултати и времетраење, веројатно не сте слушнале многу во врска со неа. Различни начини и методи на отстранување на влакна често се нарекуваат “депилација”. Во суштина, епилацијата означува отстранување на влакна од коренот и на таков начин кожата останува мазна и без влакна најдолго време. Најпопуларни методи се:

  • Епилација со восок: резултатите трајат околу 3 недели. Постојат голем број на опции во зависност од типот на влакната, регијата и типот на кожата. Восоците секогаш биле најпопуларната метода поради одличните резултати, ефикасноста и цената.
  • Елипатори: апаратчиња со ротирачки дискови кои како со чупкалка ги вадат влакната. Доколку имате многу влакна оваа метода не е најдобар избор, бидејќи знае да биде доста болна.
  • Ласер или пулсна светлина: метода близу до трајно отстранување (сепак не е трајна) која мора да се изведува од специјализирани професионалци во сертифицирани центри. Вклучува изложување на фоликулата на силна светлина која го спречува повторното растење на влакното. За добивање на оптимални резулати потребни се повеќе третмани. Оваа метода е доста скапа.

Депилација

Иако кај депилацијата подраснувањето на влакната е видливо за 2-3 ден, многумина ја користат за брзи и безболни резултати. Го отстранувате само видливиот, надкожен дел од влакното. Честопати ова доведува до појава на враснати влакна, брунки и иритации, па поради тоа кожата станува погруба и со лоша текстура. Најпопуларни методи се:

  • Жилети и машинки за бричење: најлесна метода, поради можноста за употреба секаде, но со горе споменатите нус појави.
  • Креми за депилација: ефективна, но малце подосадна метода.
  • Сунгери за пилинг: ги отстранува влакната со триење на кожата, не толку ефикацна метода особено на одредени делови од телото.

Наша препорака е доколку сакате да имате долготрајни резултати, со минимални пори, мека и мазна кожа, да се определите на некој од методите на ЕПИЛАЦИЈА. А доколку се определите за епилација со восок и сакате да исберете соодветен за вашиот тип на кожа и влакна, тогаш знаете каде може да не нејдете 😉

А вие, која метода ја користите?

Scroll to top