Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Академија против пеги и флеки

Во средата, на 18ти април, во хотел Мериот се одржа првата Академија за Де-пигментација. Експерти од Depileve Шпанија, обучија дерматолози од Македонија за длабинско разбивање и чистење на темни дамки од кожата (епидермално и дермално).

Досега, во козметиката темните дамки се третираа само површински.

ПРОБЛЕМ: Козметичарите велат дека отстранувањето на темните дамки од кожата им претставува многу голем проблем. Третманот често завршува со неуспешни обиди и дамките остануваат на лицето на клиентот, до таа мера што голем дел од нив одбиваа да ја понудат оваа услуга, поради отсуство на резултати.

Предавањата се одржаа во 2 посебни модули:

  1. Tретман за Де-пигментација на лице со ANESI® Luminosity
  2. Депилација за Осветлување CERAZYME® Depilbright

 

Слика 1: Третман против пеги и флеки

 

Слика 2: Депилација за Осветлување

Ова е многу чест проблем со кој се соочува секоја жена над 30-тата година од животот. Дамките се јавуваат во форма на: флеки од сонце, пеги, старечки флеки, хормонски промени (пр: трудничка маска) и keratosis pilaris.

За прв пат во светот, беше презентиран професионален третман за де-пигментација што делува на 2 нивоа (епидермално и дермално). Овие нови третмани се на база на био-мимикрија, со нано-енкапсулирани активни состојки, што ги откриваат најубавите слоеви на кожата и го осветлуваат тенот за неколку нијанси. Ефектот е порцеланска кожа, како што можете да видите на сликата погоре.

Еве што велат присутните:
Жанета Естетик (Специјалист козметолог и Мастер едукатор): „Досега најпосетуван семинар во Македонија. Методите за Осветлување на кожно ткиво и чистење на Меланогенеза се нови за нашиот пазар и ова е прв напор на едукација од ваков тип. Ефектите се видливи уште со првиот третман, но многу е важна правилната апликација на активаторите и домашната нега. Презентацијата е интерактивна и со колегите од браншата разменивме многу корисни искуства и решенија на проблеми со кои се соочуваме во секојдневното работење. Сериозната организација, ми ги надмина очекувањата.”

КАКВИ СЕ ЕФЕКТИТЕ?
Ова е единствениот третман со двоен пилинг, што го чисти епидермисот и дермисот од темни дамки, го регенерира оштетеното ткиво (лузни, изгореници и црвенила) и ја намалува густината, бојата и големината на темните дамки.

Резултатот е видлив! Се демонстрираше на вистинска кожа и резултатите беа следени со Анализатор за кожа (камера за зголемување), за да можат визуелно да се проверат разликите пред и по третманот.

Од денес, ова напредно био-технолошко откритие е достапно и во козметички салони низ Македонија. Неинвазивно и на безболен начин, ќе се третираат следните симптоми:

• Осветлување на пеги и флеки
• Темни надусници и слепочници
• Шарена кожа од хормонални промени
• Третман на трудничка маска (хлоазма)
• Осветлување на темни пазуви (без иритација)
• Третман на груба и потемнета кожа на лактите
• Anti-age ефект на потемнети колена
• Подмладување на интимата

Ние, вработените во DEPILEVE, веќе ги тестиравме ANESI® Luminosity кремите против пеги и флеки за домашна употреба и ви потврдуваме дека навистина делуваат! 🙂

[vc_row][vc_column][vc_btn title=”РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО!” color=”violet” size=”lg” align=”center” link=”url:http%3A%2F%2Fwww.depileve.mk%2Fwp%2Fpostavi-prasanje%2F|||” button_block=”true”][/vc_column][/vc_row]

Напишете коментар

Scroll to top