Политика за користење на колачиња (cookies) и приватност
Што се колачињата (cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
Зошто користиме колачиња (cookies)?
На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.
Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Геминис Интернатионал сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
Каков вид на колачиња (cookies) користиме?
Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?
Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.
Права на субјектот на лични податоци
Со овој документ, ние како Контролор на лични податоци Друштво за трговија, услуги и инженеринг ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје (во понатамошен текст ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје), со седиште: Ул. Народен Фронт број.5/1-2, Скопје со маил : info@depileve.com.mk – овозможуваме информации за обработката на личните податоци и Вашите права поврзани со оваа обработка.
Нашата визија за заштита на личните податоци:
Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите е од најголемо значење за ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје притоа земајќи ја предвид и природата на работењето како и податоците коишто се прибираат при нивното тековно работење.
Цел на обработување на личните податоци:
Наша цел е да Ви ја обезбедиме најдобра услуга. Ние, исто така, може да ги користиме информациите што ги собираме и чуваме за и од Вас за да ни помогне да ги водиме и подобриме услугата спрема клиентот. На пример, дадените информации може да и помогнат на ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје да:
- Ви обезбеди најдобра услуга
- добиваме извештај за тоа колку се квалитетни нашите услуги
- се испитуваат поплаки, правни тврдења и несаканите инциденти
- ги задоволат потребите на клиентите во иднина
Опис на целта на обработувањето:
ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје собира, чува и обработува лични податоци што клиентите ги откриваат или веќе ги откриле на ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје како и потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности со ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје Примарен извор на лични податоци ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје се оние лични податоци кои субјектите самите ги имаат дадено на ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје, при пополнување на образецот за користење на медицински услуги (во случај на клиенти). Напоменуваме дека ГЕМИНИС ИНТЕРНАТИОНАЛ ДОО Скопје обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката.
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци:
- Исполнување на законска обврска – Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
- Исполнување на договорна обврска – Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
- Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација
- Изјава за согласност – Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.
Категории на лични податоци кои ние ги обработуваме:
- Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
- Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
- Користење на нашата веб страна (системски логови): времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, географска локација, внатрешна резолуција на прозорецот на пребарување, активирање на JavaScript, Java вклучено/исклучено, колачиња вклучени/исклучени, длабочина на боја, Референтен URL, кликнувања – Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на задолжителните колачиња).
- Користење на контакт делот на нашата веб страна: Вашето име, меил адреса и вашата порака.
- Деловна соработка со компании: Име и презиме, контакт податоци и тековна состојба на правно лице. Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на договорна обврска.
Права на Корисниците- субјекти на лични податоци Субјектите на личните податоци имаат право да: – бидат информирани за обработката на нивните лични податоци – да пристапат до нивните лични податоци и – да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци.
