Вработување
Сакате работа со луѓе, комуникацијата ви е силна страна и уживате во презентации и аналитика?
Имате искуство со продажба, а модната индустрија ви е страст? Одлично ќе се пронајдете на работната позиција: Комерцијалист.
Опсег на работа:
- Пласман на материјали за работа во фризерската и козметичката индустрија.
- Градење на трајни врски со постојните и нови клиенти.
- Следење на реализацијата на договорените проекти и координација со секторот за Продажба.
- Анализа на пазар и изработка на парцијални планови за продажба во координација со Менаџментот за Продажба.
- Имплементација на корпоративниот план за продажба и предлози за унапредување на работењето.
Аплицирајте на е-мејл: info@depileve.com.mk со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: Комерцијалист).
Имате силно чувство за координација, прецизни сте и уживате во креативни проекти? Сте работеле во продажба и знаете дека остварувањето е најинтензивно достигнување?
Одлично ќе се пронајдете на работната позиција: Менаџер за продажба.
Опсег на работа:
- Стратешки планови и извршување на продажната програма.
- Проширување на базата со нови клиенти.
- Градење трајни партнерски врски со постојните клиенти.
- Следење на индивидуалната работа на секторот за продажба и мини-обуки за дневно унапредување на работењето.
- Зголемување на ефикасноста на Дистрибутивниот центар.
- Антиципирање на новите потреби на клиентите и внесување на новитети во работењето.
- Иницирање на професионални настани од козметичката индустрија.
- Регрутирање на продажен кадар и распределба на работата.
- Работа со големи клиенти и препораки до менаџментот.
- Унапредување на конкурентноста на бизнисот.
Аплицирајте на е-мејл: info@depileve.com.mk со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: Менаџер за Продажба).
Комуникативни сте и имате изразени способности за убедување? Ви треба флексибилна работа и работно време што сами ќе го одберете?
Одлично ќе се пронајдете на работната позиција: Партнер.
Опсег на работа:
- Отворање на нови пазари и креативен пристап за почнување на соработка со нови клиенти.
- Пласман на материјали за работа во фризерската и козметичката индустрија.
- Опционо: одржување обуки за производите на мали групи.
- Следење на реализацијата на договорените проекти и координација со интерен секторот за Продажба.
- Консултации со менаџментот за тенденциите на пазарот (моментални и потенцијални).
- Имплементација на корпоративниот план за продажба и предлози за унапредување на работењето.
Аплицирајте на е-мејл: info@depileve.com.mk со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: Партнер).