Масажни техники
Линија: LAKMÉ Scalp Care 3 техники
Масажите се составен дел од салонските скалп ритуали на LAKMÉ. Тука се опишани Vital масажата, Relief масажата и dotting техниката за нанесување на Relief серум.
Vital масажа
Се користи во ритуалот Scalp Vital, по нанесување на Vital лосион. препорачано траење: 10 мин
| Чекор | Движење |
|---|---|
| 1 | За почеток на масажата, поставете ги рацете на рамената, вратот и околу ушите. |
| 2 | Едната рака поставете ја на челото, а со другата правете кружни движења на долниот дел од тилот. |
| 3 | Нежно тапкајте со врвовите на прстите по целата глава, со произволни движења. |
| 4 | Поставете ги рацете на слепоочниците и правете движења напред-назад. |
| 5 | Поставете ги рацете на предниот и задниот дел од главата и правете движења нагоре-надолу. |
| 6–7 | Поставете ги страните на дланките на главата и применувајте кратки, нагло прекинати движења нагоре, без да ги одвојувате рацете од главата. |
| 8 | Месете ја кожата со зглобовите на прстите од тилот до врвот на главата. |
| 9 | Со раце во форма на клешта, нежно штипкајте по целата глава. |
| 10 | Обвиткајте ја главата со рацете и направете спирално движење, намалувајќи го притисокот. |
| 11–12 | На крајот од масажата, нежно повлечете ги рацете од челото кон рамената. |
Relief масажа
Се користи во ритуалот Scalp Relief, по нанесување на Relief серум. препорачано траење: 10 мин
| Чекор | Движење |
|---|---|
| 1 | За почеток на масажата, поставете ги рацете на рамената, вратот и околу ушите. |
| 2 | Поставете ги рацете на слепоочниците и правете движења напред-назад. |
| 3 | Поставете ги рацете на предниот и задниот дел од главата и правете движења нагоре-надолу. |
| 4 | Нежно притиснете го скалпот со дланките и правете движења нагоре. |
| 5 | Едната рака поставете ја на челото, а со другата правете кружни движења на долниот дел од тилот. |
| 6–7 | Едната рака на челото, а со другата правете нежни ротации од десно налево и обратно, отворајќи и затворајќи ја раката. Почнете од тилот и движете се нагоре по целата глава. |
| 8–9 | Едната рака на тилот, а со другата масирајте го врвот на главата со движење „октопод“: отворајте и затворајте ја раката, без ротација. |
| 10 | Правете вибраторни движења на теменото (паријетална зона). |
| 11 | Поставете ги рацете на слепоочниците и масирајте ја челната зона со бавни, нежни кружни движења. |
| 12 | На крајот од масажата, нежно повлечете ги рацете од челото кон рамената. |
Dotting техника
Начин на нанесување на Relief серум по целиот скалп, во сите скалп ритуали.
| Чекор | Движење |
|---|---|
| 1 | Направете крејка од челото до тилот, по средината на главата. |
| 2 | Нанесете Relief серум, оставајќи околу 2 см растојание помеѓу секое нанесување. |
| 3 | Масирајте го секое место со нежни кружни движења за да го распоредите производот по скалпот. |
| 4 | Направете паралелни крејки од двете страни и повторувајте ги чекорите 2 и 3 додека не ја покриете целата глава. |
| 5 | Масирајте го скалпот за производот целосно да се распредели. |
По dotting техниката секогаш се препорачува темелно сушење на косата со четка или дифузер.
