Контакт телефон: 02 3109 130

Geminis International | Beauty Supplies

Најголема Е-продавница за професионална козметика во Македонија (опрема и материјали за фризери и козметичари), наменета само за регистрирани соработници.

Совети како да нанесувате анти-целулитни креми

Сега откако научивте како да правилно да нанесувате третмани за лице, време е да научите како на најдобар начин да аплицирате креми за тело т.е. анти-целулитни третмани. Како што знаете, добрата техника на апликација е во корелација со правилни движења кои ја подобруваат абсорпцијата на активните состојки од кремата и го зголемуваат нивното делување.

Подготовка

Прва работа што треба да ја запомините е дека е потребно да ја подготвите кожата пред нанесување на кремата. Тоа значи дека најмалку еднаш неделно треба да правите пилинг. Пилингот ги отстранува мртвите клетки и прави кожата да може полесно да ги прими состојките.

Време

Друго нешто што треба да го имате на ум е времето. Не брзајте: целосно и правилно нанесување на анти-целулитна крема, се додека не се впие целосно, може да потрае и до 10-тина минути.

Количина

Не нанесувајте премногу од кремата наеднаш. Подобро е да додадете, доколу има потреба, отколку да оставнува вишок кој неможе да се впие во кожата.

Движења

Нанесувајте ја кремата со кружни движења кои се преклопуваат за активирање на циркулацијата. На овој начин помогнете производот подлабоко да навлезе во кожата. Нанесувајте одоздола движејќи се нагоре во правец на венската циркулација: од колената према колковите и препоните, од лактите према рамената, од задникот према половината…

Користете ги зглобовите на прстите за подобра абсорпција во позахтевните делови каде што се акумулираат маснотии, како колковите, надворешните препони, страниците и делот позади колената. Користете ги зглобовите исто со кружни движења, пропратени со долги нагорни движења како ролер. Друга техника за локализиран целулит е со користење на палецот и показалецот нежно да ја штипкате кожата во тој дел.

Замислете дека вашиот папок е центарот на часовникот и нанесете од кремот на стомакот со кружни движења во правец на движење на стрелките на часовникот. Потоа променете ја насоката спротивно од стрелките на часовникот.

Резултати

Ако сакате резултати, мора да бидете упорни. Доколку неможете да ја аплицирате кремата двапати дневно, направете го тоа барем навечер, препорачливо после туширање. Како што знаете, клетките регенерираат ноќе додека спиете, затоа ефектот на третманот се зголемува доколку се нанесува пред спиење.

 

Scroll to top