SKU: 6372 Категории: Tags: , ,
Сподели

СТЕМ C3 e еклузивен професионален третман кој се темели на најновата тегхнологија на растителни стем клетки кои можат да го сопрат процесот на стареење и влошувањето на стем клетките на кожата кои се неопходни за регенерација на епидермисот и соодветната фибробластична функција која што е неопходна за формирање на колагенот.

СТЕМ С3 емулзијата која што се користи во третманот  содржи стем клетки кои се добиени од редок вид на јаболко од Швајцарија (Uttwill spatlauber). Оваа револуционерна анти-ејџинг емулзија  која што содржи стем клетки овозможува заштита и стимулација на кожата, стопирајќи го стареењто на кожата. Растителните стем клетки овозможуваат да се регенерираат стем клетките во нашата кожа и ја заштитуваат од штетното влијание на слободните радикали и ултравиолетовите зраци кои што се главни виновници за стареењето на нашата кожа.

За да се обезбеди комплетна заштита од слободните радикали Stem С3 емулзијата покрај стем клетките содржи Stay C, естер помеѓу витамин С и палметинска киселина со што создадена липосолубилна форма на витаминот С.

Иако витаминот С е многу активна компонента во козметиката, неговата нестабилна форма е причина поради која што овој витамин не се употребува на соодветно ниво во козметичките препарати, но стабилноста на витаминот С во Stay C овозможува тој да се користи во висок процент, дури и доколку апликацијата се прави со одреден апарат.

Со цел да се постигне целосна заштита и хидратација на кожата, линијата содржи активни компоненти како колаген, кој е неопходен за одржување на еластичноста на ткивото и одржување на хидратацијата (кожата е способна да задржува вода неколку пати повеќе од нејзината тежина), како и Hydrovit†n, активна компонента која што ја одржува хидратацијата благодарение на нејзиниот состав кој е сличен со нашиот хидролипиден слој, бидејќи оваа компонента содржи уреа, амино киселини, алантоин.

ФУНКЦИИ:

  • Ја заштитува долговечлноста на стем клетките на кожата,
  • Се бори против стареење на кожата,
  • Го редуцира формирањето на слободните радикали  и оксидативниот стрес во кожата,
  • Ја стимулира синтезата на колаген во фибробластите, со продукција на колаген I и III,
  • Ги редуцира фините линии,
  • Го подобрува изгледот на кожата, особено при оштетување од сонце,
  • Го инхибира настанувањето на меланин и ги обелува старачките пигментации на кожата

 

Комплетот STEM C3 содржи:

  1. Стем С3 концентрат,
  2. Стем С3 маска
  3. Стем С3 активатор за маска,
  4. Клеточен-EGF (фактор на раст)
  5. STEM C3 – емилзија
Сет – Stem C3
Product Cat

Scroll to top
Сакате производи за домашна употреба?Ние ви нудиме одлични производи за сечиј вкус

Изберете си одлични  производи за домашна употреба.