# Сет &#8211; Stem C3

- URL: https://depileve.com.mk/shop/kozmetika-za-lice/anti-age/set-stem-c3/
- Site: Depilève | Geminis International (B2B distributor of professional beauty products, North Macedonia)
- Language: Macedonian (mk)
- Last updated: 2025-12-12
- SKU: 6372
- Brand: ANESI Lab
- Categories: Против стареење
- Availability: In stock
- Price: wholesale prices are shown only to registered partners after login. Register: https://depileve.com.mk/registracija/

**СТЕМ C3** e еклузивен професионален третман кој се темели на најновата тегхнологија на растителни стем клетки кои можат да го сопрат процесот на стареење и влошувањето на стем клетките на кожата кои се неопходни за регенерација на епидермисот и соодветната фибробластична функција која што е неопходна за формирање на колагенот.

 **СТЕМ С3** емулзијата која што се користи во третманот содржи стем клетки кои се добиени од редок вид на **јаболко од Швајцарија** (Uttwill spatlauber). Оваа револуционерна **анти-ејџинг** емулзија која што содржи стем клетки овозможува заштита и стимулација на кожата, стопирајќи го стареењто на кожата. Растителните стем клетки овозможуваат да се регенерираат стем клетките во нашата кожа и ја заштитуваат од штетното влијание на слободните радикали и ултравиолетовите зраци кои што се главни виновници за стареењето на нашата кожа.

За да се обезбеди комплетна заштита од слободните радикали **Stem С3** емулзијата покрај стем клетките содржи **Stay C** , естер помеѓу витамин С и палметинска киселина со што создадена липосолубилна форма на витаминот С.

Иако витаминот С е многу активна компонента во козметиката, неговата нестабилна форма е причина поради која што овој витамин не се употребува на соодветно ниво во козметичките препарати, но стабилноста на витаминот С во **Stay C** овозможува тој да се користи во висок процент, дури и доколку апликацијата се прави со одреден апарат.

Со цел да се постигне целосна заштита и хидратација на кожата, линијата содржи активни компоненти како колаген, кој е неопходен за одржување на еластичноста на ткивото и одржување на хидратацијата (кожата е способна да задржува вода неколку пати повеќе од нејзината тежина), како и Hydrovit†n, активна компонента која што ја одржува хидратацијата благодарение на нејзиниот состав кој е сличен со нашиот хидролипиден слој, бидејќи оваа компонента содржи уреа, амино киселини, алантоин.

 **ФУНКЦИИ:**

- Ја заштитува долговечлноста на стем клетките на кожата,
- Се бори против стареење на кожата,
- Го редуцира формирањето на слободните радикали и оксидативниот стрес во кожата,
- Ја стимулира синтезата на колаген во фибробластите, со продукција на колаген I и III,
- Ги редуцира фините линии,
- Го подобрува изгледот на кожата, особено при оштетување од сонце,
- Го инхибира настанувањето на меланин и ги обелува старачките пигментации на кожата

 **Комплетот STEM C3 содржи:**

1. Стем С3 концентрат,
2. Стем С3 маска
3. Стем С3 активатор за маска,
4. Клеточен-EGF (фактор на раст)
5. STEM C3 - емилзија
