# Вашите омилени сандали, стапалата и нашиот парафин

- URL: https://depileve.com.mk/parafin-sandali/
- Site: Depilève | Geminis International (B2B distributor of professional beauty products, North Macedonia)
- Language: Macedonian (mk)
- Last updated: 2023-01-18

За многу луѓе, најинтересниот дел од **промена на гардароба** лежи во обувките. За сите тие жени и мажи

кои сакаат чевли, промената на времето на подобро и потопло исто така значи и заборавање на чизми и чорапи и вртење кон голем број на други можности. **Сандали** , еспадрили, папучи, платформки... Нели би сакале да ги носите?

Но, чекајте! Се грижевте ли добро за вашите стапала за време на зимата додека беа стегнати и затворени во чорапи? Не чекајте ни секунда повеќе, посетете го вашиот DEPILEVE салон и **побарајте парафински третман за вашите нозе** .

###### Парафин

Парафинот се загрева, ја активира циркулацијата, ги отвора порите и и ја подобрува пропусливоста на кожата. Дава можност активните состојки да се абсорбираат брзо. **Делува како мини сауна која исто така ги отстранува токсините.** Потоа кожата се затвора и останува оптимално хидрирана подолг период. Истотака дава одлична мекост.

Доколку имате потреба од брз хидратантен третман пред да ги облечете сандалите, ви го препорачуваме нашиот [парафин со есенцијално масло од Лаванда.](https://www.depileve.mk/product-category/parafini/) Длабински хидратантен и терапевтски третман базиран на прочистувачките и смирувачки дејства на лавандата. Формулата е збогатена со масло од коноп, кое хидрира, потхранува и регенерира. Исто така содржи и со масло од семки од грозје кое е едно од најмоќните антиоксидански.

Ако за време на зимате сте си ја завршиле домашната работа и сте воделе сметка за стапалата, **морате да продолжите да ги негувате и за време на летото** . Сигурно веќе знаете дека ослободувањето од заштитата на обувките, кожата почнува да се суши полесно и можна е појава на испукани делови.

Доколку саката да го избегнете ова, може да се истретирате со освежителен третман и да го пробате [парафинот со есенцијално масло од Чајно Дрво](https://www.depileve.mk/shop/parafini/parafin-cajno-drvo-2-7kg/) . Неговите енегризирачки и стимулативни дејства кои се должат на додатоците на масла од џумбир и мајчина душица, како и антисептичните својства на самото чајно дрво, ја чистат и заштитуваат кожата на стапалата воедно со освежителна сензација.

Информирајте се и # **прашајте за DEPILEVE!**
