# Враснати влакна: превенција и третман

- URL: https://depileve.com.mk/foliculitis/
- Site: Depilève | Geminis International (B2B distributor of professional beauty products, North Macedonia)
- Language: Macedonian (mk)
- Last updated: 2023-01-18

Folliculitis, враснати влакна, поткожни влакна... наречете ги како сакате. Сите сме ги доживеале во некој момент од животот, дали по депилација, бричење или едноставно одеднаш само од себе... и мора да признаеме, воопшто не се пријатни! Ќе ги објасниме потребните чекори за спречување или третман за да ја избегнеме нивната појава.

### Зошто влакното се заглавува?

 [Folliculitis](https://www.webmd.com/skin-problems-and-treatments/what-is-folliculitis) е воспаление на фоликулата на влакното. По депилација или бричење или кога влакното расте природно, понекогаш неуспева да се пробие низ епидермалната бариера и да излезе на површина. Фоликулата се инфицира и се формира брунка која може да прерасне и во циста која знае да е многу болна.

### Каде најчесто се појавува?

Оваа појава најчесто се јавува во деловите кои ги депилираме или бричеме: нозе, потколеници, препони, пазуви, грб, врат или брада... делови кои се изложени на триење и недостаток на "дишење на кожата"

Може да се појават и на делови каде што ги чупкаме влакната, особено ако го правиме тоа спротивно од растот на влакната, како на веѓите, надусниците или брадата.

 foliculitis

### Како да ја спречиме појавата на враснати влакна?

- Редовно **ексфолирајте (пилинг)** ја кожата за отстранување на мртвите клетки кои неретко знаат да бидат причина за неможноста влакното да избие на површина. Одличен препарат за таа намена е новиот [**FOLISCRUB**](https://depileve.com.mk/shop/telo/piling/foliscrub/) .
- **Избегнувајте бричење** колку е можно повеќе. За мажи, секогаш бричете се во правец на раст на влакната, не спротивно.
- По бричење, користете средство за чистење и смирување како нашиот гел со [Чајно Дрво](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/kozmetika-za-depilacija/tea-tree-gel-200ml/) , а потоа специјален третман со антисептично дејство и нежна ексфолијација и спречување на појава на бактерии кои предизвикуваат инфекции. Што е најдобро? Нашиот [Фолисан](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/kozmetika-za-depilacija/losion-protiv-vrasnati-vlakna-150ml/) .
- Носете **памучна долна облека** , ќе помогне за намалување на појава на фоликулитис во препоните.
- Користете **деодоранс за чувствителна кожа** за пазувите
- Одржувајте **високо ниво на хигиена** на жилетите, епилаторите, шпатулите и другите алатки и прибор за депилација и бричење.

### Како да го третираме фоликулитисот?

Понекогаш, и покрај се, нема да спречиме појава на враснати влакна. За да спречиме инфекцијата да стане уште полоша, проблематичниот дел треба да го одржуваме **комплетно чист и сув** . Нанесувајте **2-3 пати на ден Фолисан** се додека влакното не се пробие.

Основно е да избегнувате стискање на мозолката или насилно да се обидете да го извадите влакното со чупкалка или игла; може да ја влошите состојбата многу лесно. Доколку ситуацијата не се подобри по неколку дена, побарајте лекарска помош за да се направи стручен увид и евентуална препорака за антибиотик во краен случај
