# Ограничена содржина

- URL: https://depileve.com.mk/barbepil/
- Site: Depilève | Geminis International (B2B distributor of professional beauty products, North Macedonia)
- Language: Macedonian (mk)
- Last updated: 2026-11-13

Тип: Barbepil (машка депилација на лице) Зони: уши, нос, образи, линија на брада, веѓи Постапка: 4 чекори

Barbepil е првиот комплетен систем за депилација на машко лице. Создаден е за посилното и погрубо машко влакно, а ја почитува кожата, и во берберница и дома. Постапката е едноставна: **Подготовка – Депилација – Смирување – Заштита** . Услугата трае само 5–10 минути, може да се изведе на столот и лесно се додава на крајот од шишање или бричење.

### Предности

- Специјален филм восок за посилно машко влакно, без хартиени ленти
- Подолготраен резултат од бричење и чупкање, без боцкаво порастување
- Брзо, удобно и економично, со мали почетни трошоци
- Уникатни производи пред и по депилација за најчестите проблеми на машката кожа

### Мени на услуги

- Средно веѓа (мономеѓа)
- Целосно обликување на веѓи
- Уши
- Носници
- Образи и слепоочници / залисци
- Дефинирање на линија на брада
- Комбо: веѓи, уши и носници

### Потребни производи

- **Barbepil Film Wax** – [400г конзерва](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/film-depilacija/barbepil-wax-400/) или [500г гранули](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/film-depilacija/barbepil-wax-500/)
- **[Skin Prep](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/barbepil/barbepil-skinprep/)** (пред депилација)
- **[Foliclear](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/barbepil/barbepil-foliclear/)** (по депилација)
- **[Skin Protect SPF15](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/barbepil/barbepil-skinprotect/)** (по депилација)
- Gold Concentrate (опционално, за забавување на порастот)
- [Топилка за восок Barbepil 400г](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/barbepil/barbepil-warmer/)
- Прецизни шпатули за лице
- Бел молив за цртање на контура
- Заштитници за уши ( [Barbepil штитници за уши](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/barbepil/barbepil-ear/) ) или ленти, памучни подлошки, марамчиња, раковици за еднократна употреба
- Пинцета и ножички (дезинфицирани)
- За дома: [Barbepil Folisan Man](https://depileve.com.mk/shop/depilacija/barbepil/barbepil-folisan/) / Folibeard

### Подготовка на воскот

1. Ставете го воскот во топилката и поставете го термостатот на **10** .
2. По **15–20 минути** промешајте и проверете ја густината. Консистенцијата треба да личи на разреден мед и да се размачкува без влечење.
3. Намалете го термостатот на **4–4.5** и прилагодувајте го во текот на денот.

Проверете ја температурата на сопствениот зглоб пред третманот. Не загревајте воск во микробранова. Капакот држете го затворен.

### Протокол: Подготовка – Депилација – Смирување – Заштита

  BARBEPIL 1-спреј за подготовка 220мл.

#### 1Подготовка

Прскајте **Skin Prep** на памучен туфер и избришете ја зоната. Исушете го вишокот влага со марамче. Отстранува масло, крем и пот и ја подготвува кожата за подобро лепење на воскот.

  BARBEPIL филм восок 400г.

#### 2Депилација

Со врвот на шпатулата нанесете лента **Barbepil Film Wax** , не подебела од шпатулата, со рамни рабови и цврст притисок. Кожата држете ја затегната. Кога ќе стврдне, подигнете го работ и отстранете го спротивно од растот на влакното, рамно и блиску до кожата.

  BARBEPIL 2-Foliclear 125мл.

#### 3Смирување

Отстранете ги преостанатите влакна со пинцета. Избришете ја зоната со **Foliclear** на памучна подлошка за да ги отстраните остатоците од восок, да го смирите црвенилото и да спречите враснати влакна и брумчиња.

  BARBEPIL 3-крем за заштита СПФ15 125мл.

#### 4Заштита

Завршете со **Skin Protect SPF15** : масирајте го кремот со врвовите од прстите или со туфер, избегнувајќи ги очите. Ги навлажнува, смирува и штити од сонце по депилацијата.

### Техники по зони

Техниките се почетна точка и секој клиент бара прилагодување. Секогаш објаснувајте му на клиентот што правите и договорете го третманот и цената однапред. Лентите правете ги најмногу колку шпатулата широки, а подолгите отстранувајте ги на 1–2 см, со повторно затегнување на кожата по секое влечење.

#### Уши

Може да се депилираат трагус, ушна школка и раб, но никогаш внатре во ушниот канал. Предупредете го клиентот да го извади слушниот апарат. Заштитете ја долгата коса со заштитник за уши или марамче.

- **Надворешен трагус:** зрно восок во круг, отстранете нагоре кон врвот на главата.
- **Внатрешен трагус:** малку восок, притиснете и држете ја шпатулата додека не стврдне, па извлечете брзо. Не држете се за целиот трагус одеднаш.
- **Раб и ушна школка:** нанесете одозгора надолу кон ушната школка, отстранете нагоре во 2–3 влечења.

#### Носници

Депилирајте само влакна што излегуваат од работ на носницата. Влакната повисоко во носот го штитат организмот и не се допираат. Депилирајте една носница одеднаш, а клиентот нека дише на уста. Топче восок на врвот на шпатулата, само на долниот раб, при што шпатулата лежи рамно и никогаш не влегува во носот. Кога воскот е сув, поддржете го носот и извлечете брзо кон нозете.

Не депилирајте нос при настинка, алергиски ринитис (полен) или чести крвавења од нос.

#### Образи и слепоочници

Со врвот на шпатулата нанесете восок од залисците надолу и преку јагодиците. Избегнувајте близина на очите, затоа што кожата под долните капаци е многу нежна. Правете тесни ленти, подигнете го работот најблиску до носот и отстранете во 2–3 мали влечења. Повторно нанесете во спротивна насока за остатоците.

Образите се склони кон создавање брунчиња по депилација. Користете чисти крпи, свежа навлака за наслонот и заштитен крем. Препорачајте Folibeard или Folisan Man за дома.

#### Линија на брада

Седнете го клиентот пред огледало, договорете ја формата и исцртајте ја контурата со белиот молив. Депилирајте ги расфрланите влакна на образите и вратот за остра дефиниција, без да навлегувате во самата брада. На вратот подигнете му ја брадата, не притискајте на душникот и работете во мали делови бидејќи влакната растат во повеќе насоки.

Не депилирајте цела брада. Постои ризик од инфекција, лузни и пигментација.

#### Веѓи

Кај мажите обликот треба да остане уреден, но машки. Не одземајте премногу влакна. Исцртајте го договорениот облик со белиот молив.

- **Средна веѓа:** прстот над мостот на носот е мерка за првата лента. Ленти од 2–3 см што се преклопуваат во кожа без влакна на челото. Отстранете надолу кон носот.
- **Горни веѓи:** од средината кон слепоочниците, отстранете во спротивна насока. Не депилирајте премногу блиску до веѓата.
- **Долни веѓи:** избегнувајте високи лакови, правете постепено стеснување кон надворешниот агол.
- Не нанесувајте восок на капаците. Кожата околу очите држете ја најзатегнато. Ситните детали дотерајте ги со пинцета, а густите веѓи со ножички.

### Пред третманот

Пополнете картон за консултација за секој нов клиент и проверете дали нешто се променило кај постојаните. Не депилирајте без ажурен картон. Ако сте во сомнеж, не депилирајте.

#### Не депилирајте при:

- повреди, воспалена или оштетена кожа, инфекции на кожа, уво или око
- изгореници од сонце, многу тенка или кршлива кожа
- стероиди (долга употреба), антикоагуланси, лекување на рак
- Roaccutane: чекајте најмалку 6 месеци по терапијата; Retin-A, Tazorac и Differin: најмалку 3 месеци
- свежи операции, пилинзи, ласер или инјекции
- чести крвавења од нос (не депилирајте носници) или цевчиња (grommets) во ушите (не депилирајте уши)
- алергија на колофониум (смола), ланолин или салицилна киселина
- клиенти под 16 години: потребен е родител што потпишува и присуствува

Кај чувствителна кожа или познати алергии направете тест на внатрешната страна на подлактицата.

### Совети за клиентот

За остатокот од денот и утре:

- без топла вода и пареа
- без чешање, триење и тргање на кожата
- без солариум или кој било тен (природен или вештачки)
- без спорт, базен или теретана по депилација на веѓи, образи или брада
- чисти крпи и свежа навлака за перница вечерва
- миење на лицето со млака вода и антибактериски гел
- антисептичен крем неколку дена и крем со заштитен фактор надвор

Влакното мора да е најмалку ½ см за следен третман. Не бричете и не чупкајте меѓу термините. Препорачано: депилација заедно со шишање на секои 3–6 недели.

За дома препорачајте Foliclear, Folisan Man / Folibeard (на засегнатите места 2–3 пати дневно додека не се подобри), гелови за лице и скрабови.
