# Вработување

- URL: https://depileve.com.mk/%d0%b2%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5/
- Site: Depilève | Geminis International (B2B distributor of professional beauty products, North Macedonia)
- Language: Macedonian (mk)
- Last updated: 2026-03-16

Комерцијалист

Дистрибутер

Магационер

Менаџер за Продажба

Партнер

Комерцијалист

Сакате работа со луѓе, комуникацијата ви е силна страна и уживате во презентации и аналитика?

Имате искуство со продажба, а козметичката индустрија ви е страст? Одлично ќе се пронајдете на работната позиција: **Комерцијалист.**

 ***Опсег на работа:***

- Пласман на материјали за работа во фризерската и козметичката индустрија.
- Градење на трајни врски со постојните и нови клиенти.
- Следење на реализацијата на договорените проекти и координација со секторот за Продажба.
- Анализа на пазар и изработка на парцијални планови за продажба во координација со Менаџментот за Продажба.
- Имплементација на корпоративниот план за продажба и предлози за унапредување на работењето.

Потребни квалификации:

- Возачка дозвола Б категорија со минимум 3 години возачко искуство
- Одговорност, точност и организираност
- Работа со компјутер и основни МС Офис алатки
- Одлични комуникациски вештини
- Желба за учење и напредок

Нудиме:

- Редовна плата
- Бонуси за прекувремена работа
- Процент од остварена продажба
- Бонуси за продуктивност
- Пријатна работна средина
- Работа во стабилна и растечка компанија

Аплицирајте на е-мејл: [info@depileve.com.mk](mailto:info@depileve.com.mk) со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: **Комерцијалист** ).

Дистрибутер

Млади сте, полни со енергија и желба за работа. Дистрибуција на професионални козметички производи е вистинскиот повик за вас.

Нам ни е потребна **машка особа за работно место – Дистрибутер** .

 **Работни задачи:**

- Дистрибуција и достава на козметички производи до клиенти
- Грижа за навремена и точна испорака на нарачките
- Одржување на коректна комуникација со клиенти
- Грижа за возилото и производите при транспорт

 **Потребни квалификации:**

- Машка особа
- Возачка дозвола **Б категорија** со минимум **3 години возачко искуство**
- **Одлично познавање на Скопје**
- Одговорност, точност и организираност
- Основни комуникациски вештини

 **Нудиме:**

- Редовна плата
- Бонуси за прекувремена работа
- Бонуси за редовност
- Бонуси за продуктивност
- Пријатна работна средина
- Работа во стабилна и растечка компанија

Сите заинтересирани кандидати може да испратат **CV** или да се јават на телефон за повеќе информации

Аплицирајте на е-мејл: [info@depileve.com.mk](mailto:info@depileve.com.mk) со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: **Дистрибутер** ).

Магационер

 **Работни задачи:**

- Прием, проверка и складирање на стока во магацин
- Подготовка и пакување на нарачки за дистрибуција
- Одржување на ред и организација во магацинскиот простор
- Контрола на залихи и помош при инвентар

 **Потребни квалификации:**

- Машка особа
- Одговорност, прецизност и организираност
- Способност за тимска работа
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност

 **Нудиме:**

- Редовна плата
- Стабилно работно место
- Пријатна работна атмосфера

Сите заинтересирани кандидати може да испратат CV или да се јават на телефон за повеќе информации

Аплицирајте на е-мејл: [info@depileve.com.mk](mailto:info@depileve.com.mk) со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: **Магационер** ).

Менаџер за Продажба

Имате силно чувство за координација, прецизни сте и уживате во креативни проекти? Сте работеле во продажба и знаете дека остварувањето е најинтензивно достигнување?

Одлично ќе се пронајдете на работната позиција: Менаџер за продажба **.**

 ***Опсег на работа:***

- Стратешки планови и извршување на продажната програма.
- Проширување на базата со нови клиенти.
- Градење трајни партнерски врски со постојните клиенти.
- Следење на индивидуалната работа на секторот за продажба и мини-обуки за дневно унапредување на работењето.
- Зголемување на ефикасноста на Дистрибутивниот центар.
- Антиципирање на новите потреби на клиентите и внесување на новитети во работењето.
- Иницирање на професионални настани од козметичката индустрија.
- Регрутирање на продажен кадар и распределба на работата.
- Работа со големи клиенти и препораки до менаџментот.
- Унапредување на конкурентноста на бизнисот.

Аплицирајте на е-мејл: [info@depileve.com.mk](mailto:info@depileve.com.mk) со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: **Менаџер за Продажба** ).

Партнер

Комуникативни сте и имате изразени способности за убедување? Ви треба флексибилна работа и работно време што сами ќе го одберете?

Одлично ќе се пронајдете на работната позиција: **Партнер.**

 ***Опсег на работа:***

- Отворање на нови пазари и креативен пристап за почнување на соработка со нови клиенти.
- Пласман на материјали за работа во фризерската и козметичката индустрија.
- Опционо: одржување обуки за производите на мали групи.
- Следење на реализацијата на договорените проекти и координација со интерен секторот за Продажба.
- Консултации со менаџментот за тенденциите на пазарот (моментални и потенцијални).
- Имплементација на корпоративниот план за продажба и предлози за унапредување на работењето.

Аплицирајте на е-мејл: [info@depileve.com.mk](mailto:info@depileve.com.mk) со назнака за позицијата за која аплицирате (Subject: **Партнер** ).
